28 Март, 2024
0.0261

Научниците пронашле изгубен континент кој се „подвлекол“ под Балканот

Објавено во: Свет 14 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Угледниот магазин „Сајанс“ објави студија за континет настанат пред повеќе од 100 милиони години, кој се протегал на денешниот простор од Алпите па се до Иран.

Научниците тој изгубен контитнет го нарекле Голема Адрија  (Greater Adria) бидејќи пред да потоне во тектонските поместувања, во најголем дел се наоѓал на просторот на денешна Јужна Европа. Поедноставно, изгубениот континент Велика Адрија или Велики Јадран се наоѓал длабоко под Балканот.

Како што тврдат експертите, Голема Адрија или Велика Адрија сеедно, се формирала скоро четврт милијарди години кога се одвоила од јужниот суперконтинент Гондована, кој тогаш на исто место ги држел денешна Африка, Јужна Америка, Антарктикот, Австралија, Индискиот потконтинент и Арапскиот полуостров.

Тој праисториски континет опфаќал подрачја на триесетина денешни земји, од Шпанија до Иран. Поголем дел бил под вода од која стрчеле огромни карпи односно острови.

Барем така тврди Доув ван Хинсберген, шеф на катедрата за палеогеографија и за глобална тектоника од Одделението за геологија на Универзитетот во Утрехт во Холандија.

-Медитеранскиот регион едноставно е геолошки неред. Се е искривено, искршено и расфрлано-рекол Хинсберген за магазинот.

Според неговото толкување, Велика Адрија, била дел од афричката тектонска плоча, за да пред стотина милиони години почне нејзиното „лизгање“ и подвлекување под евроазиската тектонска плоча, односно под денешна Јужна Европа.


Можеби ќе ве интересира

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин

ШТО СЕ СПРЕМА: Киргистан ги повика своите граѓани да не патуваат во Русија

ШТО СЕ СПРЕМА: Киргистан ги повика своите граѓани да не патуваат во Русија

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО ГЕРМАНИЈА - автобус се преврте, пет лица загина

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО ГЕРМАНИЈА - автобус се преврте, пет лица загина