23 Јули, 2019
0.0168

Научниците во страв за ледот кој се топи: Ова дебело ќе го платиме!

Објавено во: Свет 23 Јуни, 2019

Пермафрост или постојано замрзнато тло во канадскиот дел на Арктикот почнал да се топи 70 години порано отколку што се прогнозирало.

Научниците од Универзитетот Алјаска Фербенкс се исплашени од тоа колку брзо низа невообичаени топли лета ги дестабилизирале горните делови на слоевите огромни ледени блокови кои биле замрзнати илјадници години. Сметаат дека тоа е знак дека глобалните климатски промени се одигруваат побрзо отколку што тоа климатолозите го предвиделе.

-Она што го видовме беше неверојатно. Тоа покажува дека климата сега е потопла отколку во било кој друг момент во последните 5000 или повеќе години-изјавил геофизичарот Владимир Романовски.

Научниците ги загрижува стабилноста на пермафростот бидејќи брзото топење би можело да ослободи огромни количини гасови кои дополнително ќе го забрзаат глобалното загревање.

Предупредуваат дека силниот пораст во глобалната температура би можел да ја загрози одржливоста на нашата цела индустриска цивилизација.

-Топењето на пермафростот е една од критичните точки на почетокот на климатската катастрофа и се случува пред наши очи-рекла Џенифер Морган, извршната директорка на организацијата Гринпис интернешенл.

-Ова прерано одмрзнување е јасен сигнал дека мораме да ги намалиме емисиите на гасови на стаклената градина и дека тоа треба да го направиме-веднаш-додала Морган.




Foto: EPA / NASA/ Linette Biosvert


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Се појави снимка од екипажот на запленетиот британски танкер

(ВИДЕО) Се појави снимка од екипажот на запленетиот британски танкер

Вечерва најтопла ноќ во историјата во Европа

Вечерва најтопла ноќ во историјата во Европа

ТРАМП СЕ ЗАКАНИ ЗA АВГАНИСТАН: Војната ќе ја добие за недела, а земјата ќе биде збришана

ТРАМП СЕ ЗАКАНИ ЗA АВГАНИСТАН: Војната ќе ја добие за недела, а земјата ќе биде збришана

(ВИДЕО) Работат како робови, а живеат како во логори

(ВИДЕО) Работат како робови, а живеат како во логори

(ВИДЕО) ЕУ РЕАГИРА: Израел урива палестински домови во Ерусалим

(ВИДЕО) ЕУ РЕАГИРА: Израел урива палестински домови во Ерусалим

ПЕКОЛ: Топлотен бран однесе жртви

ПЕКОЛ: Топлотен бран однесе жртви

(ВИДЕО) ПОРТУГАЛИЈА ГОРИ: Скоро 2.000 пожарникари се борат со огнот

(ВИДЕО) ПОРТУГАЛИЈА ГОРИ: Скоро 2.000 пожарникари се борат со огнот

(ВИДЕО) ХОРОР ВО АКАПУЛКО: Убиени гости во бар во местото каде уживаше холивудскиот џет-сет

(ВИДЕО) ХОРОР ВО АКАПУЛКО: Убиени гости во бар во местото каде уживаше холивудскиот џет-сет

(ВИДЕО) Иранските командоси како се инфилтрирале во британскиот брод

(ВИДЕО) Иранските командоси како се инфилтрирале во британскиот брод