20 Април, 2024
0.0261

Научникот Владимир Углев: „Јас помогнав да се направи отровот новичок“

Објавено во: Свет 20 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Москва продолжува да го негира постоењето на програма за хемиско оружје наречена Новичок.

Но, ова е прашање на семантика.

Владимир Углев, научникот кој помогна да се  развијат нервни агенси за Советскиот Сојуз раскажува како настанал процесот.

„Целта на програмата беше да произведе супстанција која е многу помоќна од нервниот агенс VX - 10 пати помоќна", вели тој. „И тоа е она што го имаме", додава Углев.

Г-дин Углев (71) тврди дека тој го создал отровот кој бил употребен во нападот врз Сергеј и Јулија Скрипал во Солсбери на 4 март. Во Русија е идентификуван со шифра А-234.

„Можам да кажам според масените спектрометриски отчитувања, присуството на флуор, молекуларната тежина и од сите податоци од спектарот што ми беа испратени неодамна". Но, ако нервниот агенс бил толку моќен, како преживеала фамилијата Скрипал? Владимир верува дека добиле „мала доза ...“

Претходно оваа недела Велика Британија откри дека отровот бил предаден "во течна форма".

На прашањето адресирано кон Владимир: ако нервниот агент кој се користи во Солсбери е оној што го синтетизира, дали труењето е плен на неговата совест, тој одговори:

„Ова не се првите жртви на мојата совест", вели тој. „Ако размислувам за тоа, најверојатно би можело да избројам десетина луѓе кои биле отруени од нашите супстанции, во различни околности, на пример, на воен тренинг. Потоа, постои случај на научник Андреј Железников кој бил инфициран во лабораторија ".

Владимир Углев работел во државна лабораторија во Шихани, во рускиот Саратов регион. Еднаш и тој самиот бил жртва на новичок.

„Тоа беше со" novichok "А-240. Растворувачот се вари и се распрсна на десната рака. Ја ставам мојата рака во хлороводородна киселина, потоа ја измив со алкален пероксид и го ставив под чешмата".

извор и фото: BBC News

Можеби ќе ве интересира

АРГЕНТИНА ГИ ЈАКНЕ ВРСКИТЕ СО ЗАПАДОТ: Сака да биде партнер на НАТО

АРГЕНТИНА ГИ ЈАКНЕ ВРСКИТЕ СО ЗАПАДОТ: Сака да биде партнер на НАТО

ЗА ТРИ ГОДИНИ: Триста илјади Полјаци од странство се вратиле дома

ЗА ТРИ ГОДИНИ: Триста илјади Полјаци од странство се вратиле дома

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи