Наум Стоилковски вели дека е издадена наредба за негово приведување
Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2020
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на Фејсбук информира дека е издадена наредба за негово приведување.
Вели дека ова е чист притисок и обид за заплашување.
„Внимавајте, без наредба за претрес да влезат во домот, но и во други простории за присилно да ме приведат. „Огласот” за нова Кацарска е отворен, па удри колку можеш! На нозе утрово беше дигнат цел полициски вод! Дома, на работа, низ Скопје! Како да сум биецот од Смилковско. Како да сум убиецот на Мартин Нешковски. Како да сум оштетил буџет, земал местени тендери и пари од фондови, сум дал лиценци на брат на 30 години, како да перам пари од Панама, дрпам од набавка за систем Леонардо, или тендераш ми гради куќи на водно, или сум снимен директор како ставам снопче пари во чанта, делам фабрики за марихуана …!? Или пак кај мене завршија парите од „Рекет“, па трошам без покритие, за вили во Грција или скапи станови и мотори?“, напиша Стоилковски.
Тој додава дека против него досега нема покренато обвинение и дека уредно е примена поканата како претставник на правно лице.