28 Март, 2024
0.0272

НАВАЛЕТЕ НА ДРЖАВНИ ПАРИ ЗА РИБНИЦИ - секому следуваат по 114 илјади евра

Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Сите што сакаат да градат нови или да ги ревитализираат старите рибници и пунктови или сакаат да градат капацитети за преработка на риби од денеска па се до 22- ри март ќе може да аплицираат за добивање средства преку Програмата за рибарство и аквакултура.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, информира дека финансиската поддршка изнесува до  7.000.000 денари или околу 114 илјади евра по поединечен корисник, од кои максималниот поврат на средствата односно грантот е од 50 до 65 отсто од прифатливите трошоци за реализираната инвестиција.

Доделената финансиска поддршка е неповратна, а барателите не смеат да почнат со реализација на инвестицијата пред да потпишат договор за ко-финансирање со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој.

„Право на користење на оваа поддршка имаат субјекти кои се регистрирани за дејност аквакултура и кои поседуваат или користат недвижен имот на кој планираат да изградат капацитет за аквакултура; или поседуваат дозвола за користење на вода за поставување на кафези во зоните предвидени за аквакултура, субјекти кои се запишани во регистарот на одгледувачи на риби при МЗШВ,  како и сите субјекти кои се од ранг на микро, мали и средни претпријатија кои поседуваат или планираат да изградат преработувачки капацитет наменет за преработка на риба“, информира Бабовски.

Барањата за користење средства со листата на потребни документи и Упатсвото за корисниците може да се превземат од веб страницата на Агенцијата, www.ipardpa.gov.mk, во делот Рибарство и аквакултура 2020. Барањата доставени по 22- ри март 2020 година нема да бидат разгледувани.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија