20 Април, 2024
0.0281

НАВАЛЕТЕ НА ПОЕВТИНА СТРУЈА - рокот да одберете снабдувач на слободниот пазар е до 31 март

Објавено во: Економија 28 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Либерализацијата на пазарот на електрична енергија се одвива успешно, до сега вкупно 3.718  потрошувачи се излезени на слободниот пазар, компаниите добиваат пониски сметки, додека цената на електрична енергија за домаќинства е најниска во Европа, соопшти Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Бислимоски заедно со членовите на Регулаторната комисија одржаа состанок со компаниите Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје и ЕВН Хоум ДОО Скопје, со кои потрошувачите имаат непосреден контакт поврзан со тековното и претстојното излегување на пазарот на слободниот пазар на електрична енергија.

„Либерализацијата донесе пониски сметки за компаниите што излегоа на слободниот пазар на електрична енергија. Да го споделам податок што го имаме од интернет страницата – switch.mk која е агрегатор на понудите на компаниите снабдувачи, за  LV2 категорија на приклучок со којашто се опфатени потрошувачите приклучени на 0,4kVнапонско ниво, најниската понуда е за 29 отсто пониска од понудата од Универзалниот снабдувач. Во исто време воведувањето на Универзалниот снабдувач се покажа како одличен модел за домаќинствата кој ја нуди најниска цена. Во Република Северна Македонија цената на електрична енергија на домаќинствата е една од најниските во Европа“, изјави Бислимоски.

Според рокот пропишан во Законот за енергетика, до 31 март оваа година на слободниот пазар со електрична енергија треба да излезат близу 2.500 правни субјекти- со што практично ќе се заокружи процесот на целосна либерализација. 

„Ги повикувам останатите субјекти што ги исполнуваат условите, посебно им укажуваме и на  јавни претпријатија во државна сопственост и во сопственост на општините да излезат на слободниот пазар согласно пропишаните рокови, а тоа е до 31 март. И РКЕ, како потрошувач што треба да излезе на слободниот пазар на електрична енергија, распиша јавен оглас за набавка на електрична енергија и за истата ја информиравме јавноста. Но она што сакам да потенцирам е дека водејќи се од начелото на транспарентност, тендерската документација е достапна на нашиот сајт и сите што треба да ја исполнат обврската во овој период може да им послужи како соодветен урнек и да ја преземат“ изјави Бислимоски. (https://www.erc.org.mk/odluki/Nabavka_el.energija_02490_2020.pdf)

Од 1 јануари 2019 година пазарот на електрична енергија е целосно либерализиран, но практично уште 2.474 потрошувачи треба до 31 март 2020 година да одберат снабдувач на електрична енергија. Во оваа последна фаза потрошувачите кои го исполнуваат условот да имаат просечен број на вработени во последните две пресметковни години поголем или еднаков на 50 или вкупен годишен приход поголем или еднаков на 2 милиони евра во денарска противвредност, согласно податоците добиени од Централен Регистар на Република Северна Македонија мора да изберат снабдувач со електрична енергија.

На состанокот компаниите посочија дека потрошувачите навремено се информирани, но во периодот што престои уште еднаш ќе ги известат за обврската што ја имаат согласно Законот за енергетика и да излезат на слободниот пазар. На интернет страната на Електродистрибуција достапна е листата на потрошувачи што треба да излезат на слободниот пазар https://www.elektrodistribucija.mk/For-suppliers.aspx

Можеби ќе ве интересира

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор