НБМ продава два половни автомобили: Која е почетната цена
Објавено во: Економија 09 Август, 2018
Народната банка продава два половни автомобили цитроен со почетна цена од околу 2.000 евра.
Според објавата, едниот автомобил е цитроен Ц4 од 2008 година за пет места. Почетната цена е 130.433 денари или 2.120 евра. Другиот исто така е цитроен Ц4, со иста зафатнина на моторот и произведен е во иста година. Почетната цена 133.396 денари или 2.169 евра.
На усното јавно наддавње можат да учествуваат и домашни и странски правни лица. Наддавањето ќе биде на 5 септември, а гаранцијата изнесува 10 отсто од вредноста на секое патничко возило.