25 Април, 2024
0.0293

НБМ СО ИЗВЕШТАЈ: Банките топ не ги бие, лани пораснала адекватноста на капиталот

Објавено во: Финансии 29 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Советот на Народната банка, на својата одржана редовна седница, ги усвоил Годишниот извештај на НБМ за 2020 година и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем во 2020 година.

Извештајот говори за успешно одржување на законски поставените цели на Народната банка, во услови на исклучително непредвидлив контекст предизвикан од пандемијата на ковид-19. 

„Инфлацијата беше задржана на ниско и стабилно ниво, во рамките на монетарната стратегија на одржување стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото. Истовремено, показателите за стабилноста на банкарскиот систем го потврдија придонесот на Народната банка за одржување на вкупната финансиска стабилност во земјата“, велат од НБМ во своето соопштениње до јавноста.

Реакцијата на  Народната банка на шокот од 2020 година, како што нагласуваат, била брза и навремена и во насока на монетарно олабавување, регулаторна флексибилност и засилена комуникација со јавноста. 

„Олабавувањето на монетарната политика беше направено во услови на комфорно ниво на девизни резерви и умерена инфлација, а заради одржување и стимулирање на кредитните текови и поддршка на економијата. Уште во првите месеци од пандемијата, Народната банка постепено ја намали каматната стапка, а беа преземени и повеќе мерки за зголемување на ликвидноста на банкарскиот систем. Имајќи ја предвид високата неизвесност и со тоа, можноста од затегнување на условите на финансиските пазари, од особено значење беше и одобрената репо-линија од ЕЦБ, со којашто се овозможи непречен и брз пристап до девизна ликвидност, доколку е тоа потребно. Воедно, беа воведени и регулаторни измени со коишто се овозможи поголема флексибилност на банките во процесот на кредитирање, а се олесни финансискиот товар на најпогодените субјекти. Во 2020 година, Народната банка имаше засилена комуникација со јавноста заради одржување на стабилните очекувања и довербата, во услови на криза. Оттука, за одбележување е што во една исклучително комплексна година, депозитите и кредитите на банките кај приватниот сектор остварија годишен раст од 5,7 отсто и 4,7 отсто, соодветно“, објаснуваат од Советот на НБМ.

Во однос на Извештајот за ризиците во банкарскиот систем во 2020 година, податоците потврдуваат дека во услови на силна здравствена и последователно, економска криза, банкарскиот систем ја задржал стабилноста и придонел за ублажување на последиците од ковид-кризата, остварувајќи притоа солиден раст на активностите, тврдат од централната банка.

„На крајот на 2020 година, стапката на адекватност на капиталот на банкарскиот систем изнесува 16,7 отсто, што е повеќе за 0,4 процентни поени во споредба со крајот на 2019 година. Растот на сопствените средства, пред сè како резултат на реинвестираните добивки и емисијата на нови акции, имаше најголем придонес за зголемувањето на стапката на адекватност на капиталот. Над 90 отсто од сопствените средства и во 2020 година отпаѓаат на редовниот основен капитал, којшто го претставува најквалитетниот сегмент од регулаторниот капитал на банките“, се потенцира во соопштението по одржаната седница на Советот на НБМ.

Извештајот посочува дека во 2020 година ликвидносната позиција на банките дополнително се подобрила, поради растот на ликвидните средства. 

„Следствено, поголемиот дел од показателите преку кои се следи и се оценува ликвидноста забележаа подобрување. Показателите преку коишто се следи квалитетот на кредитното портфолио на банките, исто така, бележат подобрување во 2020 година. Имено, учеството на нефункционалните во вкупните кредити се намали до историски најниското ниво од 3,4 отсто. Слично движење бележат и учествата на нефункционалните кредити во вкупните кредити на корпоративниот сектор и на домаќинствата, коишто на крајот на 2020 година изнесуваат 5,2 и 1,6 проценти, соодветно“, објаснуваат од НБМ.

Според податоците објавени во Извештајот, домашниот банкарски систем и минатата година продолжил со профитабилно работење, што е особено значајно за одржување на капиталната позиција на банките, односно на нивната стабилност и отпорност.

Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка