29 Март, 2024
0.0250

НБМ: УКИНУВАЊЕТО НА ЛИБОР ЌЕ ИМА МИНИМАЛНИ ЕФЕКТИ - тие кредити учествуваат со 0,1 отсто во вкупната актива на банките

Објавено во: Финансии 17 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Укинување, транзиција, реформа. Тоа се неколкуте термини за да се означи една промена што се случи во финансискиот свет од почетокот на годинава, а се поврзани со LIBOR каматната стапка.

Дел од експертите велат дека се зборува за укинување, но тоа е само делумно точно, бидејќи всушност станува збор за транзиција. Или, сегашната LIBOR каматна стапка се заменува со нов конструкт наречен SOFR.

Според учебниците по економија, LIBOR (London Interbank Bank Offer Rate) e интернационална каматна стапка на база на која комерцијалните банки меѓусебно си позајмуваат средства. Врз база на тоа националните централни банки ја одредуваат својата референтна каматна стапка на база на која им позајмуваат средства на домашните банки.

Она што е факт, е дека банките во земјава практично и кажуваат збогум на ЛИБОР, која, народски кажано, е референтната каматна стапка што со децении се користеше за одредување на цената на финансиските инструменти. Од стартот на годинава тие преминаа на нов начин на пресметување на меѓусебните должничко доверителски односи.

А, до оваа голема промена дојде откако пред неколку години беше откриен голем скандал, од кој се испостави дека повеќе светски банкарски групации ги местеле каматните стапки во своја полза. Односно, во 2011 година Федералните резерви на САД го обелоденија тој скандал, нарекувајќи го „злосторство на векот“ и објавија дека панелот на банки на база на чиј што инпут се формира LIBOR давале неточен инпут, односно го манипулирале LIBOR и Британската Банкарска Асоцијација за своја лична корист.

Реформата на ЛИБОР всушнпост значи дека сите инструменти кои ја имаат таа стапка, ќе мораат да се префрлат на алтернативна стапка, од почетокот на наредната годината. 

Се поставува прашањето како укинувањето на либор ќе се одрзази во земјава, и што оваа промена ќе значи за нашите банки. За тоа побаравме информација од Народна банка.

Оттаму велат дека од самиот почеток активно ги следат новините во реформите на водечките референтни каматни стапки и ефектите од овие промени врз домашните банки.

„Нашите анализи покажуваат дека укинувањето на каматните стапки ЛИБОР не треба позначајно да се одрази врз активностите на домашните банки. Всушност, очекуваме ефектите да бидат минимални, што се должи на многу малото и речиси незначително учество на овие договори во активностите на домашните банки“, велат од централната банка во изјава за Фактор.

Објаснуваат дека кај домашните банки најголем дел од кредитите и депозитите со променливи каматни стапки се или во денари или во евра, вклучително и денарски со евроклаузула. За договорите во денари како референтна каматна стапка се користи некоја од референтните каматни стапки на домашниот пазар, додека договорите во евра или во денари со евроклаузула се врзани за каматната стапка ЕУРИБОР. Ова се каматни стапки кај коишто нема промени со актуелните реформи.

„Кредитите на домашните банки со променливи каматни стапки коишто зависат од каматната  стапка ЛИБОР учествуваат со околу 0,1 отсто во вкупната актива на банките. Договорите врз основа на овие кредити зафаќаат околу 0,2 отсто од вкупниот број на договори на банките за кредити со променлива каматна стапка која зависи од некоја од референтите каматни стапки на меѓународните финансиски пазари. Кај депозитите, речиси и да нема вакви договори“, велат од НБМ.

Оттаму нагласуваат и дека за сите договори со каматни стапки за кои е предвиден датум на престанок, домашните банки се во процес на усогласување на договорите, односно спроведуваат т.н. ефикасна транзиција кон новите референтни каматни стапки. 

„Ние сме во комуникација со домашните банки и очекуваме целиот процес непречено да се спроведе и заврши, со почитување на меѓународните начела и препораки и начелата за заштита на потрошувачите.

Во процесот на транзиција кон новите референтни каматни стапки, ќе се земат предвид насоките од соодветните работни групи во одделните јурисдикции, задолжени за реформирање на референтните каматни стапки (пр. Working Group on Euro Risk-Free Rates; Working Group on Sterling Risk-Free Reference Rates; Alternative Reference Rates Committee; National Working Group on Swiss Franc Reference Rates; Cross-Industry Committee on Japanese Yen Interest Rate Benchmarks, итн.), пришто прифатени алтернативни референтни каматни стапки се следниве: SOFR (Secured Overnight Financing Rate) за USD, замена за LIBOR за USD, SONIA (Sterling Overnight Index Average) за GBP, замена за LIBOR за GBP, TONAR (Tokyo Overnight Average Rate) за JPY, замена за LIBOR за JPY, и SARON (Swiss Average Rate Overnight) за CHF, замена за LIBOR за CHF.

А, точно на крајот на минатата година, односно на 31 декември, Комерцијална банка на својата веб страница објави дека банката успешно го води овој процес во интерес на клиентите.

„Во врска со процесот на реформа и замена на LIBOR референтните каматни стапки, Комерцијална банка ги известува клиентите и јавноста дека, како одговорна и системски значајна банка, во изминатиот период внимателно ги следеше случувањата поврзани со реформата на референтните каматните стапки кои се формираат на меѓународните финансиски пазари. Со цел да се спроведе навремена, ефикасна и економски неутрална транзиција кон новите референтни каматни стапки, Банката во соработка со останатите банки од земјата, преку Македонската банкарска асоцијација - МБА и со НБРСМ успешно го води овој процес во интерес на клиентите, Банката и на пошироката заедница“, информираа од Комерцијална банка.

Тогаш од банката потенцираа дека во портфолиото на одредени производи, определени или изразени во девизи, Банката користи соодветни каматни стапки како референтни, а замената ќе ја направи согласно предвидените рокови за престанок на нивно пресметување и објавување и во согласност со најдобрите светски практики при решавањето на овој предизвик.

„Со примената на новите референтни каматни стапки за клиентите на Банката ќе биде обезбедено соодветно прилагодување и усогласување со новите вредности во насока на обезбедување на материјална (економски неутрална) транзиција, согласно актуелните договори и ниво на променливи каматни стапки. Ова дополнително е значајно и во однос на репутацискиот аспект за Банката.

Во случај одредена референтна каматна стапка да престане да се објавува или да ја изгуби својата релевантност, како и на можност од нејзина замена со соодветна прифатлива референтна каматна стапка, процесот е регулиран на соодветен начин во договорите за банкарски производи на Банката. Интересот на клиентите и на Банката, како и секогаш, се во иста насока, а тоа е континуирано градење и зацврстување на взаемната доверба“, напишаа во објава до јавноста на својата веб страница од Комерцијална банка.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап