25 Април, 2024
0.0305

НБРМ домаќин на Меѓународната конференција на високо ниво за монетарна политика и управување со финансиски средства

Објавено во: Економија 12 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

НОВА НОРМАЛА? ГЛОБАЛНАТА ЕКОНОМСКА ЕКСПАНЗИЈА, ДИНАМИКАТА НА ИНФЛАЦИЈАТА, ФИНАНСИСКАТА СТАБИЛНОСТ И ЗНАЧЕЊЕТО ЗА УПРАВУВАЊЕТО СО ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ВО МЕЃУНАРОДНИ РАМКИ-е темата на Меѓународната конференција на високо ниво за монетарна политика и управување со финансиски средства на која НБРМ ќе биде домаќин на 16 февруари.

Конференцијата е организирана во соработка со Комитетот за преобразување на Бретон Вудс (The Reinventing Bretton Woods Committee - RBWC) од Париз, Франција. Воведно обраќање на Конференцијата ќе има гувернерот на Народната банка, г. Димитар Богов, а гостите ќе ги поздрави и г. Марк Узан, директор на Комитетот за преобразување на Бретон Вудс.

На големо задоволство, за првпат во Република Македонија на едно место ќе учествуваат високи претставници на меѓународните финансиски институции, централните банки и глобалните деловни банки, чиишто политики и пазарни реакции имаат глобално влијание. Народната банка има задоволство да ги најавиг. Тао Џанг, заменик на извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), г. Беноа Кере, член на извршниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ) и г. Луиз Авазу Переира да Силва, заменик главен директор на Банката за меѓународни порамнувања (БИС). На Конференцијата учество ќе земат и гувернерот на централната банка на Исланд, член на Советот на централната банка на Австрија и вицегувернерите на централните банки на Чешка и Литванија. Воедно, панелисти на Конференцијата се и вицегувернерот на Развојната банка при Советот на Европа (СЕБ), како и високи претставници, директори од Светската банка (СБ), Европската инвестициска банка (ЕИБ), Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) и реномирани меѓународни професори. Значајно за Конференцијата е учеството на претставници од најголемата финансиска корпорација за управување со финансиски средства во светот, БлекРок, и од една од најзначајните глобални банки, УБС (UBS).

Конференцијата е поделена во четири сесии. На првата сесија ќе се дискутираат најзначајните прашања поврзани со глобалните макроекономски движења, глобалниот раст, инфлацијата, продуктивноста, геополитичките ризици, како и поставеноста на монетарните политики на меѓународно влијателните централни банки и нивните ефекти врз финансиската стабилност и пазарните движења. Аспектите на финансиската стабилност и можностите за справување со евентуални идни финансиски кризи ќе се дебатираат подетално во рамки на втората сесија. Учесниците во третата сесија на Конференцијата ќе дискутираат за движењата на меѓународните финансиски пазари и можностите за ефикасно справување со пазарните ризици и остварување поврат на инвестирањето во финансиски инструменти при ниски пазарни приноси. Во последниот дел од Конференцијата, високите претставници на Европската инвестициска банка (ЕИБ), Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) и Развојната банка при Советот на Европа (СЕБ), заедно со министерот за финансии на Република Македонија, Драган Тевдовски, и министерот за финансии на Бугарија, Владислав Горанов, ќе споделат мислења за можностите за развој на земјите во регионот, во насока на нивно приближување кон економските остварувања на европските земји.

Конференцијата има повеќе придобивки за Народната банка и воопшто, за Република Македонија. Домашната стручна јавност добива ретка можност на едно место да ги слушне ставовите и излагањата на високите претставници на меѓународно значајните финансиски институции и глобалните деловни банки за актуелните економски прашања и предизвиците за наредниот период. Таа ќе придонесе за проширување на знаењата, стекнување нови информации и размена на искуства со други централни банки и меѓународни институции, што во крајна линија придонесува за натамошно јакнење на институционалниот капацитетот и успешно остварување на доделениот мандат на централната банка за спроведување на монетарната политика и управувањето со девизните резерви. Исто така, се отвораат нови можности за продлабочување на меѓународната соработка на Народната банка и се обезбедува соодветна промоција на Македонија пред меѓународната експертска јавност.

Гости на Конференцијата ќе бидат претставници на странски и домашни институции коишто имаат интерес за следење на темите коишто ќе се дискутираат на Конференцијата. Во таа смисла, потврдено е присуството на гувернери, вицегувернери и членови на советот на централните банки на Словачка, Латвија, Ерменија, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија, Бугарија, како и високи претставници на централните банки на Белгија, Италија, Унгарија, Полска, Хрватска, Црна Гора, Грузија и Азербејџан. Исто така, на Конференцијата ќе присуствуваат претставници од 15 европски и азиски глобални банки со кои Народната банка има развиено и одржува добра деловна соработка во процесот на управување и инвестирање на девизните резерви на Република Македонија.

Со оглед на исклучително интересните и современи теми, како и реномираните панелисти коишто ќе дебатираат, претставниците на домашните финансиски институции пројавија исклучително висок интерес за учество на Конференцијата. Своето учество го потврдија претседателите на управните одбори и високи претставници на домашните банки, пензиските и инвестициските фондови, осигурителните компании, берзата, како и претседателите на регулаторните тела од финансискиот сектор. Исто така, ќе бидат присутни и универзитетски професори од областа на економските науки, претставници на меѓународните финансиски институции од канцелариите во Македонија, како и економските експерти на неколку странски амбасади.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди