28 Март, 2024
0.0799

Историски пад? Граѓаните и фирмите се помалку имаат проблеми со враќање на кредитите

Објавено во: Финансии 27 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Народната банка на РМ на денешна седница за извештај од 2018-та заклучи дека во периодот дошло до значително подобрување на показателите преку кои се следи банкарскиот систем, меѓу другото и како резултат на стабилизацијата, а особено акцент е ставен на намалувањето на нефункционалните кредити (оние што банките не можат да ги наплатат од домаќинства и фирми)

Во април и мај 2018 година, стапката на раст на корпоративните кредити повторно беше позитивна. На годишна основа, заклучно со првиот квартал, останува констатацијата дека растот на кредитите кон домаќинствата е многу посолиден од тој кон корпоративниот сектор, односно 9,8%  и 2,6% соодветно, вредности што го следат трендот од претходните години.

- Со оваа поставеност, изложеноста на кредитниот ризик останува најзначајниот ризик за банкарскиот систем, особено кога ќе се земе предвид дека растот на вкупното кредитирање ја ублажува стапката на раст на нефункционалните кредити. Историски најниската и непроменета стапка на нефункционални кредити на домаќинствата од 2,4% меѓу другото се должи и на солидниот раст на кредитите кон овој сектор.  Стапката на проблематични кредити кон нефинансиските друштва (фирми кои не работат со промет) се намали  и  на крајот од на првиот квартал изнесува изнесува 7,8%. Учеството на нефункционалните во вкупните кредити на домаќинставата и нефинансиските друштва се намали за 1,2 процентни поена во првиот квартал од 2018 година и се сведе на 5,1%, велат од НБРМ.

Во однос на кредитниот ризик, покриеноста на нефункционалните кредити со сопствената исправка на вредност се зголеми и на крајот од третиот квартал изнесува високи 81,4%, при задоволителен обем и квалитет на сопствените средства на банките. Тоа значи дека последиците од евентуална целосна ненаплатливост на овие кредити врз солвентните позиции на банките би останале ограничени.


Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка