18 Јуни, 2019
0.0200

НБРМ очекува банките да ги намалат каматите по Нова Година

Објавено во: Финансии 13 Декември, 2018

Народната банкапо монетарното намалување на основната каматна стапка, очекува истото да го сторат и приватните банки во Македонија, но по Нова година бидејќи сега се вршат калкулациите.

Основната каматна стапка е намалена за 0,25 процентни поени, односно од 2,75 на 2,50 отсто, но од НБРМ „не очекуваат чуда“ бидејќи сепак, како што велат од таму, најголемо влијание со одлуките за намалување има конкуренцијата.

„Сепак, во последната анкета се забележува поголем процент на банки кои одговориле дека монетарната политика „делумно влијае“ врз нивната каматна политика, што упатува на зголемено влијание во услови на континуирано олабавување на монетарната политика од страна на Народната банка во последниот период.  Досегашното искуство од практиката покажува дека деловните банки ги следат сигналите на НБРМ. Секако, прилагодувањата не се случуваат веднаш, односно вообичаено е потребно извесно време за банките да ги направат соодветните прилагодувања во нивните каматни стапки“, велат од НБРМ.

Истражувањето вели дека камаптната политика на комерцијалните банки со станбените и потрошувачките кредити сепак ги следи монетарните одлуки на Централната банка.


Можеби ќе ве интересира

СЕ ПРЕСЕЛИЛЕ ВО ЧЕШКИ ГРАД: Сега заработуваат по 4 евра на час

СЕ ПРЕСЕЛИЛЕ ВО ЧЕШКИ ГРАД: Сега заработуваат по 4 евра на час

ЛЕКАР 30 ГОДИНИ БИЛ ВО БРИТАНИЈА: Еве што никогаш не наведуваат во огласите

ЛЕКАР 30 ГОДИНИ БИЛ ВО БРИТАНИЈА: Еве што никогаш не наведуваат во огласите

Колку заработуваат сезонците на Јадранот по час?

Колку заработуваат сезонците на Јадранот по час?