29 Јули, 2021
0.0194

НЕ БИЛО ТОЧНО: Македонци уште не можат да патуваат во Германија туристички

Објавено во: Македонија 14 Јуни, 2021

Во Германија сè уште не може да се патува од туристички причини, објави денеска Меѓународниот аеродром во Скопје извинувајќи се за информацијата што ја објавиле во саботата кога информираа дека македонските државјани можат да патуваат во Германија од туристички причини. Сега велат дека таа одлука, за жал не е на сила сè уште
„Таа одлука не е на сила иако ние како аеродром добивме информација од нашите партнери дека македонските државјани ќе можат да патуваат без приложување на есенцијална причина за патување, а истата информација стоеше и во нашите авијациски системи каде што се ажурираат најновите правила/рестрикции за патување поради Ковид-19 кои важат за различни земји. Во меѓувреме, добивме коригирана информација, дека во Германија сè уште не може да се патува од туристички причини и истото го споделуваме со вас. Ви се извинуваме за ненамерната грешка, објавија од аеродромот.
Додаваат и дека во моментов очекуваат детални информации од надлежните институции и надлежната Амбасада и веднаш штом ги добијат, ќе ги споделат. 
Другите детали во информациjата што ја објавивме на 12-ти јуни 2021, се точни. Имено, Република С.Македонија повеќе не е на листата на ризични земји за Ковид-19 на Германија, што значи дека влезот во странската земја за македонските државјани е можен само доколку тие припаѓаат во т.н. есенцијални патници и притоа презентираат или негативен тест за Covid-19 или доказ за вакцинација. Во исто време, електронски пополнет Формулар за локација на патници (Passenger Locator Form) повеќе не е потребен предуслов за качување во авион, велат од Меѓународниот аеродром Скопје


Можеби ќе ве интересира

Левица поднесe 772 амандмани на измените на Изборниот законик

Левица поднесe 772 амандмани на измените на Изборниот законик

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Никола Груевски отворил фирма во Унгарија, ќе продава порцелан

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Никола Груевски отворил фирма во Унгарија, ќе продава порцелан

(ФОТО) ВУЧИЌ ПРОШЕТА ВО СКОПЈЕ: Македонците се љубезни, Србите и Македонците секогаш се сакаат

(ФОТО) ВУЧИЌ ПРОШЕТА ВО СКОПЈЕ: Македонците се љубезни, Србите и Македонците секогаш се сакаат

Невреме со град го зафати Скопје

Невреме со град го зафати Скопје

Владата во Софија одобри меморандум за соработка меѓу Maкедонското и бугарското Министерство за земјоделство

Владата во Софија одобри меморандум за соработка меѓу Maкедонското и бугарското Министерство за земјоделство

Алармантна здравствената состојба на Камчев, во КПУ Затвор Скопје нема дежурен доктор ниту му се дава соодветна терапија

Алармантна здравствената состојба на Камчев, во КПУ Затвор Скопје нема дежурен доктор ниту му се дава соодветна терапија

Можни се ограничувања за невакцинираните за присуство на јавни собири, најави Филипче

Можни се ограничувања за невакцинираните за присуство на јавни собири, најави Филипче

Нови 47 заразени, најмногу во Скопје и Тетово

Нови 47 заразени, најмногу во Скопје и Тетово

Во Врање повеќе се вакцинираат Македонци од Срби

Во Врање повеќе се вакцинираат Македонци од Срби