20 Април, 2024
0.0310

НЕ ДАВААТ НИ ДОЛАР: Големи компании избегнале плаќање данок

Објавено во: Економија 23 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Шеесет големи американски компании од листата  Fortune 500 успеале да избегнат плаќање данок на приход од своите огромни профити минатата година.

После извештаите во кои пишува дека Амазон користел даночни дупки и не плаќал данок две години по ред, Институтот за даночна и економска политика открил дека многу пповеќе американски компании истата работа ја направиле во 2018 година.

Институтот вклучил 60 големи фирми од различни сектори на американската економија од малопродажба до компании кои се занимаваат со нафта и гас.

На пример Делта ер лајнс не му платил ништо на Вујко Сем и покрај тоа што заработил повеќе од 5 милијарди долари.

Енергетскиот гигант Шеврон исто така платил 0 данок, а заработил повеќе од 4 милијарди долари минатата година.

Вкупно, компаниите кои ги навел Институтот нулираат сојузен данок на приход од 79 милијарди долари. Така, наместо да плаќаат 16,4 милијарди долари данок, овие корпорации имале нето поврат на данок на добивка од 4,3 милијарди долари.

Се тоа се случило благодарение на разните правни дупки кои ги создал „технички неисправниот“ Закон за даночни и работни места од 2017 година.

Законот ги оставил повеќето даночни олеснувања недопрени додека исто така поставил 21 отсто законски стапки на данок на добивка (намален од 35 посто).

-Резултатот, што не е изненадување, бил продолжение на падот на нашите веќе ниски приходи од данок на добивка во фискалната 2018 година, приходите од данок на добивка во САД паднале за 31 отсто, според податоците на американскиот трезор-велат авторите на извештајот.

Разноликата лепеза на законски даночни олеснувања вклучува забрзана амортизација како и даночни олеснувања за берзански опции, од кои Амазон и Нетфликс имале корист.

Меѓутоа и покра тоа што во во извештајот се наведуваат годишни финансиски поднесоци на корпорациите, се напоменува дека нивните даночни одредби често се нејасни и дека нејасно наведуваат кои даночни олеснувања ги користеле.

Сепак не постои „ништо очигледно илегално“ во акциите на компаниите, рекле од Институтот, повикувајќи ја владата да „бара високи стандарди за објавување даноци за да се постигне целосно разбирање за профитабилните корпорации да избегнуваат данок.

Можеби ќе ве интересира

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор