Не дишиме воздух, дишиме материја - му порача Димовски на Макрадули

Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2020
Јани, три години имаше да направиш нешто, му рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули.
„Дали може да обезбедите комплетен список и количини на сите фирми во Македонија кои увезувале петрол кокс и отпад? Донесете го тој список да го видиме. Не дишиме воздух, дишиме материја. Ние не шетавме по улици, не ги лажевме граѓаните, со маски, правевте театри. Ти беше одличен пратеник во опозиција, само за тоа те бива. Скопје е прв најзагаден град“, изјави Димовски.
Владата објави дека стапуваат на сила препораките и мерките во случај на надминат праг на алармирање за PM10 честички.Според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, како што информираат од Владата, прагот на алармирање за PM10 (надминување на вредноста од 175 mg/m3 во текот на два последователни денови) дефиниран во Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање.
Нивото е надминато на мерните места во Скопје – Карпош и Лисиче и Тетово.
Скопје денеска е 11-ти најзагаден град на светот.
Можеби ќе ве интересира
Мал чекор напред постигнаа македонските и бугарските историчари

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Филипче вели можеме сами да спроведеме имунизација, денес нови 307 заразени

Тројца пратеници не делат од мнозинство за соборување на Владата, вели Николоски

Заев: Ние не смееме да си дозволиме да испратиме порака дека за нас постои алтернативно решение, освен полноправното членство во ЕУ

ГЛАВАШЕВИЌ ДОБИ ОДГОВОР ОД ПЛЕНКОВИЌ: Дали Хрватска може да не заштити од „бугарскиот булинг“?

Грчката граница и понатаму останува затворена за Македонците
