20 Април, 2024
0.0289

НЕ Е САМО ГРЕТА: Во Давос доаѓаат и други активисти тинејџери

Објавено во: Свет 19 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

На светскиот економски форум Давос 2020 ќе присуствуваат тинејџери кои направиле промени. 

Активистката Грета Тунберг е дел од младата генерација која се бори за промена на светот.

За прв пат досега, група на креатори на промени тинејџери ќе учествуваат во Давос.

Од борбата против насилството со оружје до климатските промени, нивниот глас мора да се слушне.

Од справувањето со климатската криза до борба против дискриминацијата, младите луѓе ширум светот ја земаат својата иднина во свои раце.

Иднината на планетата е нивна иднина, па затоа е поважно од кога и да било да им се даде платформа за да се слушнат нивните гласови.

Меѓу учесниците ќе бидат и 15 годишната Аутумн Пелитиер, активистка од Канада, Ајака Мелитхава која има 17 години и доаѓа од Јужна Африка, 14 годишниот Круз Ердман од Нов Зеланд, Фион Фереира(18) од Ирска, Мелати Вијсен(19) од Бали, Мохамед Ал Јоунд од Сирија кој има 18 години, Наоми Вадлер(13) од Флорида, Наташа Мванса(18) од Замбија, и Салвадор Гомес Колон(17) од Порторико. 

Светскиот економски форум, кој еднаш годишно се одржува во Давос, Швајцарија, почнува утре и ќе трае до 24 јануари.

Главни теми на овогодишниот собир се климатските промени и дејствување, а една од најважните сесии е „Спречување на климатската апокалипса”.

На состанокот ќе учествуваат некои од најголемите светски компании, а организаторите на Форумот од сите нив ќе побараат да се обврзат на постигнување на нето-нулта емисија на јаглерод до 2050 година или порано.

Од Македонија на форумот ќе присуствува министерот за надворешни работи, Никола Димитров. 

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?