14 Јуни, 2021
0.0262

Не е во ред на оној што инвестирал 20 до 30 милиони евра во мол во Скопје, да му забраните да работи во недела - Ангел Димитров за новините

Објавено во: Економија 10 Јуни, 2021

Не можете да барате од инвеститор кој вложил 20 до 30 милиони евра во мол во Скопје, да му забраните да работи во недела.  Ова го смета Ангел Димитров, екс претседателот на Организацијата на работодавачи, која е директно вклучне во преговорите за недела да биде неработен ден.

Како што е познато, на стартот на преговорите работодавачите беа против ваквата владина идеја, но сега сметаат дека донесениот закон со кој недела ќе биде неработен ден, е добар компромис, кој се постигна преку дијалог на социјалните партнери синдикатите, државата и работодавачите. 

Оној што инвестирал 20 до 30 милиони евра во Скопје, и сега да му забраните да работи во недела, не е во ред. Ама во ред е тој што ќе работи во недела да добие дупла дневница и во ред е на државата да и се плати одреден надомест за развој на инфраструктуирата, на детските градиники, и тн. Значи, тоа е компромис кој во овој момент на развој на државата, мислиме дека е добар. Можеби кога ќе имаме стандард од 8 до 9 илјади долари по жител, нема и другите работници да работат во недела. Но, во повој момент Македонија не смее да си дозволи да нашите граѓани за време на празници одат во Бугарија или во Србија да оставаат девизи, а нашите молови да бидат затворени“, изјави за медиумите Ангел Димитров. 

Во Законот за работни односи се наведени сите дејности кои заради технолошкиот карактер на компанијата, или пак витални дејности како полиција, војска, здравств и слично,кои мора да работат и во недела. За тие вработени ќе има 50 отсто поголема дневница и ќе користат слободен ден во текот на наредната недела. Оние трговци што што ќе работат во недела ќе треба да исплатат 100 отсто дневница за вработениот и 2 отсто од прометот кои ќе се користат за иградба на градинки.

Можеби ќе ве интересира

Хотелиерите реагираат: Бројот на ваучери за туризам е премал

Хотелиерите реагираат: Бројот на ваучери за туризам е премал

„СОЛЕНИ“ ГОРИВА: Бензините нагоре за половина, дизелот за дури еден денар

„СОЛЕНИ“ ГОРИВА: Бензините нагоре за половина, дизелот за дури еден денар

ЗА ОНИЕ ШТО ЌЕ РАБОТАТ ВО НЕДЕЛА ПО ПРВИ ОКТОМВРИ - повисоки дневници од 50 до 100 отсто

ЗА ОНИЕ ШТО ЌЕ РАБОТАТ ВО НЕДЕЛА ПО ПРВИ ОКТОМВРИ - повисоки дневници од 50 до 100 отсто

Нови одлуки на Комисијата: Се укинува полицискиот час, се враќаат ноќните забави, неограничен број на гости на свадбите

Нови одлуки на Комисијата: Се укинува полицискиот час, се враќаат ноќните забави, неограничен број на гости на свадбите

Забрана за работа само за три компании, за останатите молк од институциите

Забрана за работа само за три компании, за останатите молк од институциите

СИТЕ 13 СЛОБОДНИ ЗОНИ ВО ЗЕМЈАВА СЕ ИСКОРИСТЕНИ САМО 29 ОТСТО - државата нема да отвора нови, прво да се „наполнат“ постојните

СИТЕ 13 СЛОБОДНИ ЗОНИ ВО ЗЕМЈАВА СЕ ИСКОРИСТЕНИ САМО 29 ОТСТО - државата нема да отвора нови, прво да се „наполнат“ постојните

Јагода ја доби неработната недела, Мила ја засилува активноста, Венко доби пауза, бизнисот се преструктуира

Јагода ја доби неработната недела, Мила ја засилува активноста, Венко доби пауза, бизнисот се преструктуира

ГОРИВА: Ќе има ли скок на цените по полноќ?

ГОРИВА: Ќе има ли скок на цените по полноќ?

ИЛОН МАСК ПАК ЌЕ ПРИФАЌА БИТКОИН: Најпознатата дигитална валута скокна

ИЛОН МАСК ПАК ЌЕ ПРИФАЌА БИТКОИН: Најпознатата дигитална валута скокна