Не излегувајте ако не морате: Времето денеска пеколно
Објавено во: Македонија 09 Август, 2019
Ако немате потреба не излегувајте надвор, температурите денес ќе бидат пеколни.
Сончево и многу топло време со зголемена облачност во текот на
денот и со услови за краткотраен локален дожд во источните делови од земјата.
Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
УВ индексот ќе изнесува 9.
Дневните температури на воздухот ќе се движат во интервал од 31 до 40 степени целзиусови.
Во Скопје се очекува слично време, сончево и многу топло со зголемена облачност и макисимални 38 степени.
Потоа според синоптичарите до среда (14.08) ќе се задржи сончево и многу топло време. Ќе биде активирано жолто, а во некои подрачја и портокалово ниво за опасност од високи температури и УВ зрачење.