25 Април, 2024
0.0305

НЕ МОРА ДА ГИ НОСИТЕ ВО ДОМ ИЗНЕМОШТЕНИТЕ РОДИТЕЛИ - ќе имаат нега од државата 80 часа месечно

Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Наместо да ги носат во старечки домови, граѓаните набргу ќе имаат можност за своите стари и изнемоштени родители, да користат услуги од специјални компании или граѓански организации, кои за негата на старите лица ќе наплаќаат по 240 денари, но од државата. Решенија за користење на оваа услуга ќе издаваат центрите за социјална работа, а граѓаните неа ќе имаат право да ја користат 80 часа месечно.

Ова е предвидено и со новиот Закон за социјална нзаштита.

Истражувањата на Министерството за труд и социјала покажале дека повозрасните лица  и лицата кои не можат сами да се грижат за себе е подобро секојдневно да добиваат неколку часа помош и нега во нивниот дом, каде се чувствуваат најпријатно и да продолжат да живеат во својата заедница,  отколку да бидат згрижени во институција. Во домашни услови полесно се поднесува староста и состојбите предизвикани со болестите доколку за основните потреби  добиваат помош и нега од обучени негователи.

Услуга „помош и нега во домот“ е воведена со новиот Закон за социјална заштита, со која се обезбедува поддршка на лица со намален функционален капацитет, како и лицата со најтешка и комбинирана попреченост, потполно слепи лица и хронично болни стари лица, во домашни услови. Граѓаните ќе можат да користат помош во домот до 80 часа месечно.

„Концептот е да се прошири можноста за давање социјални услуги и да се промени начинот на финансирање на истите. Државата ќе плаќа по 240 денари за секој час помош од лиценцирани компании и граѓански организации. Секој Центар за социјална работа ќе издава решенија за користење на услугата а граѓаните на кои услугата им е потребна самостојно ќе одберат давател на услугата“, објасни дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ за „Ал Цезира Балканс“.

Новиот сервис е дел од социјалната реформа на која Министерството за труд и социјална политика работеше во изминатиот две и пол годишен период. На огласот за изразување интерес за развој на социјални услуги се јавија 65 општини, од кои 56 пројавија интерес токму за услугата помош во домот. Во моментов тече подготовката на предлог проекти од општините за реализирањето на услугата, а рокот за доставување до Министерството за труд и социјална заштита за финансирање е 30 април.

Можеби ќе ве интересира

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи