16 Април, 2024
0.2298

НЕ МОЖЕ ДА ИМ НАРЕДИ, АМА ИМ ПОРАЧА - НБМ со совет до банките да не делат дивиденди, туку да го зголемат капиталот

Објавено во: Финансии 25 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Не може да им нареди, но може да им препорача. Монетарната власт им укажа на домашните банки дека очекува од  нив, добивката што ја оствариле лани, да ја искористат за зголемување на капиталот, наместо да ја делат за дивиденди на своите акционери.

„Во рамки на интензивната комуникација со банките во овој период во врска со нивната подготвеност за справувањето со потенцијалните негативни последици од вирусот ковид-19, Народната банка им укажа дека очекува како и досега, тие да покажат високо ниво на прудентност, вклучително и при носењето на одлуките за распределба на добивката остварена минатата година“, велт од Народна Банка. 

Притоа, додаваат од НБМ, нивните надзорни и управни одбори се известени дека како надлежен регулаторен и супервизорски орган очекуват добивката остварена во измината година да се стави во функција на натамошно зголемување на капиталот и финансискиот потенцијал на банките и над минималните законски и супервизорски барања, односно за градење дополнителен простор над нив. 

„Како што им е укажано, банките треба да се подготвени да обезбедат поддршка на редовното работење на граѓаните и фирмите коишто се нивни клиенти, задоволување на квалитетната кредитна побарувачка, при истовремено покривање на евентуалните кредитни загуби како последица на ефектите на вирусот КОВИД-19 врз домаќинствата и правните лица. Високото ниво на прудентност при носењето на одлуките за распределба на добивката ќе придонесе за натамошно успешно одржување на сигурноста и стабилноста на банкарскиот сектор, а со тоа и за одржување на финансиската стабилност“, објаснуваат од централната банка.

Можеби ќе ве интересира

И „МАРТИНС“ ВО ПРОБЛЕМИ: Акциите на познатиот производител на обувки достигнаа историски минимум

И „МАРТИНС“ ВО ПРОБЛЕМИ: Акциите на познатиот производител на обувки достигнаа историски минимум

ХРВАТИТЕ СЕ ПЛАШАТ ДЕКА НИВНАТА СЕЗОНА ЌЕ ПУКНЕ: Туристите веќе почнаа да ги избегнуваат во широк круг, еве зошто се толку огорчени!

ХРВАТИТЕ СЕ ПЛАШАТ ДЕКА НИВНАТА СЕЗОНА ЌЕ ПУКНЕ: Туристите веќе почнаа да ги избегнуваат во широк круг, еве зошто се толку огорчени!

ПАЃААТ И ЕВРОПСКИТЕ И АМЕРИКАНСКИТЕ БЕРЗАНСКИ ИНДЕКСИ: Цената на нафтата над 90 долари за барел, цената на златото падна

ПАЃААТ И ЕВРОПСКИТЕ И АМЕРИКАНСКИТЕ БЕРЗАНСКИ ИНДЕКСИ: Цената на нафтата над 90 долари за барел, цената на златото падна

КОГА НА ДРЖАВАТА Ѝ ТРЕБААТ ПАРИ, ДОМАШНИТЕ БАНКАРИ ТРИЈАТ РАЦЕ - ново задолжување од 50 милиони евра, еве колкави се каматните стапки

КОГА НА ДРЖАВАТА Ѝ ТРЕБААТ ПАРИ, ДОМАШНИТЕ БАНКАРИ ТРИЈАТ РАЦЕ - ново задолжување од 50 милиони евра, еве колкави се каматните стапки

ПРЕКУ ОТВОРЕН БАЛКАН СЕ БАРААТ СЕЗОНСКИ РАБОТНИЦИ И ЗА АЛБАНИЈА: Сезонава се очекуваат над 10 илјади туристи, а нема кој да работи

ПРЕКУ ОТВОРЕН БАЛКАН СЕ БАРААТ СЕЗОНСКИ РАБОТНИЦИ И ЗА АЛБАНИЈА: Сезонава се очекуваат над 10 илјади туристи, а нема кој да работи

МОЖЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ВО ИТАЛИЈА, А ДА РАБОТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИЛИ БИЛО КАДЕ ВО СВЕТОТ: Еве кои услови треба да ги исполните и колку се чека за виза

МОЖЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ВО ИТАЛИЈА, А ДА РАБОТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИЛИ БИЛО КАДЕ ВО СВЕТОТ: Еве кои услови треба да ги исполните и колку се чека за виза

ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ ДАЛА „ЕР СРБИЈА“ ЗА ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИ: Сумата е со повеќе нули

ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ ДАЛА „ЕР СРБИЈА“ ЗА ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИ: Сумата е со повеќе нули

ОТВОРЕН БАЛКАН: Ова се петте најбарани позиции во Белград, еве што нудат работодавците и кои услови бараат да ги исполните

ОТВОРЕН БАЛКАН: Ова се петте најбарани позиции во Белград, еве што нудат работодавците и кои услови бараат да ги исполните

НОВ ПАД НА ПОПУЛАРНАТА КРИПТОВАЛУТА: Еве кои влади поседуваат најмногу биткоини, има ли на пазарите оптимизам?

НОВ ПАД НА ПОПУЛАРНАТА КРИПТОВАЛУТА: Еве кои влади поседуваат најмногу биткоини, има ли на пазарите оптимизам?