19 Април, 2024
0.0292

Не може на секој компјутер или лаптоп: Објавени деталите за тоа каков уред им треба на децата за онлајн наставата

Објавено во: Македонија 26 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Реакции во јавноста предизвика мејл од Министерството за образование и наука кој наставниците ги испраќаат до родителите на учениците за тоа на какви уреди ќе можат да ја следат наставата. Во мејлот ги има минималните конфигурации на ИТ уредите со кои ќе учат децата. 

Платформата функционира на десктоп компјутер, лаптоп компјутер, таблет и мобилен смарт телефон. Предуслов за следење на наставата преку платформата е ИТ уредот да биде поврзан на Интернет. 

„Притоа, напоменуваме дека не сите наведени ИТ уреди обезбедуваат иста функционалност- десктоп и лаптоп компјутер овозможуваат користење на сите функционалности на Платформата, пред се поради големината и резолуцијата на екранот, глувчето и тастатурата. Таблет и мобилен телефон овозможуваат користење на сите функционалности, со следните ограничувања: намалена е прегледноста на сите елементи во Платформата поради големината на екранот и неможноста за користење на глувче и тастатура го отежнува пишувањето на подолг текст.  Доколку наставата на далечина се следи преку таблет или мобилен телефон, поради специфичноста на уредите, упатуваме сами да ги тестирате функционалностите на платформата (особено за следење на онлајн часовите во живо), стои во известувањето.

Платформата функционира директно во веб прелистувач (Chrome, Microsoft Edge, Safari), и не е потребно да се инсталира дополнителен софтвер. Десктоп/лаптоп компјутерот што ќе користи само веб прелистувач за пристап до платформата потребно е да има минимум 4GB меморија и двојадрен процесор. 

Пoтребно е да има апликацијата Microsoft Teams и минимум Windows 8.1 оперативен систем. 

Доколку имате намера да купувате нов десктоп или лаптоп компјутер, Министерството препорачува да е со следните перформанси. 


Можеби ќе ве интересира

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне