НЕ МОЖЕЛА ДА ВРЗЕ КРАЈ СО КРАЈ: Спасот го нашла во една европска земја
Објавено во: Финансии 30 Мај, 2019
Нана Новаковиќ од Сплит отишла да работи во Ирска затоа што едвај врзувала крај со крај, иако работела по 12 часа на ден.
Заедно со вереникот Домагој Славичек не можеле да најдат постојана работа во ист град, и решиле да заминат во Ирска.
Девојката цели пет години не можела да најде стабилна работа.
Но, откако видела колона возила и луѓе кои одат на интервју за работа во Ирска, решила и таа да си ја проба среќата. Вели дека интервјуата и вработувањето било многу транспарентно. Добила работа на рецепција, а по 8 месеци станала шеф на смена.