29 Март, 2024
0.0258

НЕ МУ ТРАНСПЛАНТИРААТ СРЦЕ БИДЕЈЌИ НЕ СЕ ВАКЦИНИРАЛ ПРОТИВ КОВИД: Правила на болница во Бостон

Објавено во: Свет 26 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Пациентот од Бостон, Ди Џеј Фергусон (31) не доби шанса да направи трансплантација на срце, иако бил на врвот на листата. Американските медиуми јавуваат дека една од причината поради која на Фергусон му била одземена шансата за ново срце, а со тоа и неговиот живот, е тоа што не ја примил вакцината против корона вирусот.

Фергусон е во болница од ноември поради наследна срцева болест поради која неговите бели дробови се полнат со крв и вода. Неговото семејство вели дека тој е на врвот на листата на пациенти кои чекаат донори, но дека тоа повеќе не е, што е резултат на новите политики на болницата, особено и поради фактот дека пациентот мора да се вакцинира против Ковид.

„Вакцината за Ковид-19 е една од неколкуте вакцини и неопходни предиспозиции што се бараат од кандидатите за трансплантација во Општата болница Бригам. Овој систем е создаден за да обезбеди најголема можна шанса за успешна операција, како и преживување на пациентот по трансплантација на органи“, велат од оваа болница во Бостон и додаваат дека се потребни вакцини за грип, хепатитис Б и корона вирус. „Без ова пациентите не се активни на листата на чекање“, додаваат тие.

Објаснија и дека поради недостаток на органи не сакаат да ризикуваат, и можност за нов живот добива пациент кој има најголеми шанси за преживување и ги исполнил сите барања. Сметаат дека постојат индиции дека невакцинираните пациенти имаат помала веројатност да преживеат по трансплантацијата.

Таткото на Фергусон им откри на медиумите дека вакцината против корона вирусот е „против сите принципи на неговиот син, бидејќи тој не верува во тоа“. Додаде дека тоа е негово тело, а со тоа и негов избор и дека смета дека неговиот син е многу храбар. Фергусон е оженет и има две деца, а неговата сопруга е бремена со трето.


Можеби ќе ве интересира

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?