НЕ, ОВОЈ ЦЕНОВНИК НЕ Е СНИМЕН ВО ЊУЈОРК, ЛОНДОН ИЛИ ДУБАИ - туку во една соседна држава, еве на која плажа
Објавено во: Балкан 25 Јуни, 2022
Познато е дека цените на пијалоците и храната во белградските локали се силни, особено на одредени локации. Но, сцената која ни доаѓа од Ада Циганлија разбесни многу сограѓани.
Имено, испаѓа дека цените на ова „белградско море“ отишле до небо, а во се се издвојува состојбата во еден бар таму.
Како што покажува една фотографија добиена од читател, лежалките во еден локал не се наплаќаат посебно, но затоа со нив е потребно да се потрошат најмалку 2.000 динари.
Сосема далеку од тоа дека во Грција, на пример, со кафе за неколку евра, добивате гратис лежалка.
Дополнително, има и ценовник на пијалоци од ова место, кој покажува дека, на пример, шише вода чини 210 динари, дека малото пиво чини до 400 динари, додека домашниот ладен чај чини 350 динари.
И на крајот на краиштата, прашањето е - колку пари се потребни за да се ужива на Ада за еден ден. Дури и да одите како семејство, прво проверете го паричникот.Извор и фото: Нова.рс