НЕ ПОМИНАА НИ ТРИ МЕСЕЦИ: Пукна новиот асфалт во Грделичка клисура
Објавено во: Балкан 23 Јули, 2019
Напукна асфалтот на новиот автопат Е-10 низ Грделичката клисура во Србија.
Иако од отворањето на јужната траса на Коридорот 10 за Северна Македонија не поминаа ни три месеци, на делницата помеѓу Царичина долина и тунелот Манојле, напукна асфалтот.
Кон крајот на мај со музика и огномет, беше отворен Коридорот 10 за сообраќај, а српскиот претседател Александар Вучиќ тогаш изјави дека е отворена најтешката, но и најубавата делница од автопатот низ Србија.
Од Коридорите на Србија соопштија дека пукнатините се појавиле на површинскиот слој и дека проблемот ќе се реши во следните два дена, додавајќи дека автопатот е безбеден за сообраќај.
Српски медиуми потсетуваат дека изградбата на автопатот преку Грделичка клисура e проследен со бројни проблеми – од постојан пробив на роковите, паѓање на косините, до промена на проектот.