Не правете го ова пред да излезете надвор во зима
Објавено во: Стил 11 Јануари, 2017
Во зима секоја кожа реагира на температурните осцилации и доживува силен стрес.
Црвенилото, бледо сина боја на лицето, црвени „нишки", непријатното чувство на сувост и стегнатост на кожата најчесто се јавуваат од неправилно третирање на лицето.
За многу од проблемите поврзани со нашата кожа, сме си виновни самите.
Многу жени нанесуваат крем буквално неколку минути пред да излезат. Ова е најчестата грешка. Студениот воздух прави хидратантните елементи во кремот да замрзнуваат и силно да ја исушат кожата.
Затоа кожата почнува да се лупи, се појавуваат суви делови, а неправилното нанесување на кремот води и до појава на дамки.
Затоа по нанесувањето на кремот, треба да се почека најмалку 20 минути пред да излезете.
Втората грешка е дека наутро во зима во никој случај не треба да користите крем.