Не сака да ги исполнува условите на Брисел: Партијата на Орбан на чекор од „летање“ од ЕПП!
Објавено во: Балкан 08 Март, 2019
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата партија Фидес би можела да излезе од Европската народна партија ЕПП насреди судирите околу антибриселската медиумска кампања на неговата влада.
Орбан, говорејќи за државното радио, рекол дека тој и понатаму смета дека ЕПП би требало да се реформира така што ќе се сврти кон анти-имиграционата реформа, но истовремено ги зголемил изгледите Фидес да ја напушти ЕПП, кои ќе се состанат на 20 март за да разговараат за тоа прашање, пренесе Ројтерс.
„Дебатата би можела да се заврши така што Фидес би одлучил да не биде повеќе во туку надвор од ЕПП. Доколку треба да почнеме нешто ново, тогаш очигледно прво треба да разговараме со Полска“ , рекол Орбан и додал дека владеачката полска партија „Права и правда не е дел од ЕПП.
Орбан рекол и дека во четвртокот разговарал со претставниците на ЕУ, а во неделата планира да ја посети главната регионална сојузничка - Полска, како и дека полскиот премиер Матеуш Моравијески ќе ја посети Будимпешта на 15 март.
Во четвртокот, лидерот на ЕПП Манфред Вебер побарал од Фидес да ги отстрани билбордите на кои се напаѓа претседателот на ЕК Жан Клод Јункер.