НЕ СЕ САМО МАКЕДОНЦИТЕ: Кои други народи немаат пари за летување?
Објавено во: Финансии, Балкан 16 Август, 2019
Во Романија, Хрватска и во Грција над 50 проценети од населението не можат да си дозволат одмор.
Секој втор Грк не може да си дозволи да оди на годишен одмор, односно 51 процент од населението не е во можност да одвои пари за да оди на одмор од шест дена или повеќе. Овој податок го објави Евростат.
Во Романија 58,9 отсто од населението не може да оди на одмор, а потоа следи Хрватска со 51,3 проценти.
Во Македонија повеќе од 60 проценти од граѓаните немаат пари за годишен одмор.
На ниво на ЕУ тој процент изнесува 28,3, а најдобро стои Шведска, единствената земја под десет проценти. Во оваа земја само 9,7 проценти од жителите не можат да си дозволат годишен одмор. Потоа се Луксембург, Данска и Австрија кои се движат од 10 до 13 проценти.