29 Март, 2024
0.0252

Не се сите задоволни од субвенциите за носење странци

Објавено во: Економија 23 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Државна комисија за одлучување во управна постапка од сите засегнати спорови во секторот на економијата најмногу жалби добила од тур-операторите.во 2018, а на нејзина адреса пристигнале 86 жалби во врска со субвенциите кои ги доделува државата преку Агенцијата за туризам за организирано носење на странски посетители.

Не е прифатена ниту една, а дури 58 биле испратени на административно доуредување а 15 жалби биле одбиени против решенија донесени во прв степен во управна постапка. За седум години откако почна субвенционирањето на секторот приливот е зголемен за 65 проценти со најголем број на туристи од Турција, Србија, Бугарија, Грција и Холандија, но тур-операторите често се жалат дека 65 евра субвенција не може да биде исто за турист кој користи луксузен хотел и обично приватно сместување.

Љупчо Јаневски, директорот на Агенцијата за туризам, од претходно најави дека ќе има ревизија на начинот на субвенционирање.

- Лични мои предлози се измени во исплатата според категоризацијата на сместувањето, преку зголемување просечниот престој во земјата, зависно дали туристи се носат во или надвор од сезона, рече неодамна Јаневски.

Од работните односи, во комисијата најмногу се жалее полицајците со 233 жалби од вработени во Министерството за внатрешни работи со 34 предмети каде жалбата се уважува.

Комисијата примила и 173 жалби од вработени во јавни здравствени установи, 46 жалби против решенија на градоначалници, 41 жалба против решенија на министерот за труд и социјална политика и решенија на директори на јавни установи за социјална заштита, 22 жалби од затворска полиција.

Државната комисија во 2018 година, постапи по вкупно 784 предмети од областа на приватизација и експропријација и 451 уважени Постапено било по 148 предмети од областа на денационализацијата.

Пристигнати биле 1.017 жалби за правото на пензија, а постапено е по 750 предмети каде што доминираат оние за стекнување на инвалидска пензија, при што тука се одбиени 298 поплаки, а само 27 прифатени.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи