27 Септември, 2023
0.0246

НЕ СТИВНУВА ИНТЕРЕСОТ ЗА КУПУВАЊЕ СТАНОВИ, само во првиот квартал за купопродажба на недвижнини свртени 218 милиони евра

Објавено во: Економија 23 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Продолжува тенденцијата на зголемена купопродажба на станови во земјава. Дека интересот за купување станови не стивнува покажуваат и податоците од Агенцијата за катастар на недвижнини на Македонија.

Во последниот објавен квартален извештај на Агенцијата може да се види дека во првите три месеци од годинава се направени повеќе договори за купопродажба на недвижен имот во споредба со истиот период минатата година.

Имено, во првиот квартал од 2022 година, во базата на Регистарот на цени и закупнини се регистрирани 8.012 трансакции, од кои 5.919 продажби на недвижности и 2.093 закупи на недвижен имот. Притоа вкупната вредност од купопродажба на недвижности достигнува 218 милиони евра.

Споредбено по месеци од овој квартал може да се забележи дека најголем број трансакции има во март, односно во Регистарот на цени и закупнини се регистрирани 3.267 трансакции. Најмалку трансакции се регистрирани во јануари, и тоа 2.091, додека во февруари се регистрирани 2.654 трансакции. Доколку се разгледа обемот на трансакции по месеци и по тип на трансакција, може да се заклучи дека најголем број купопродажби се регистрирани во март, односно 2.437 купопродажби, исто така најмногу регистрирани закупи се евидентирани во март т.е. 830 закупи - се посочува во извештајот.

Што се однесува пак до закупите на недвижен имот, податоците покажуваат дека во првите три месеци од годинава, биле договорини закупи на имот во вкупна вредност од 919.966 евра, а табелата подолу покажува точно каков е интересот за закуп на различи типови.

Фактор веќе објави дека цените на недвижностите изминатиов период драстично се зголемија, за што потврда имаше и во извештајот на Народна банка, каде беше истакнато дека во вториот квартал годинава цените на недвижнините имаат драстичен раст од дури 16,5 отсто на годишно ниво.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

„Десфа“ е избрана за надзорник на изградбата на гасоводот помеѓу Македонија и Грција

„Десфа“ е избрана за надзорник на изградбата на гасоводот помеѓу Македонија и Грција

ПРАЗНИТЕ КЕСИ НЕ СЕ ПОЛНАТ НИТУ СО НАМАЛЕНИ ЦЕНИ: Граѓаните негодуваат, повтинувањата се минорни

ПРАЗНИТЕ КЕСИ НЕ СЕ ПОЛНАТ НИТУ СО НАМАЛЕНИ ЦЕНИ: Граѓаните негодуваат, повтинувањата се минорни

СВЕТОТ ЗА ОВА НЕ Е ПОДГОТВЕН: Глобално предупредување

СВЕТОТ ЗА ОВА НЕ Е ПОДГОТВЕН: Глобално предупредување

Турската лира колабира во однос на доларот

Турската лира колабира во однос на доларот

Пијалоците од утре поевтинуваат за 10 отсто

Пијалоците од утре поевтинуваат за 10 отсто

Владата ги ограничи профитните маржи за овошјето и зеленчукот

Владата ги ограничи профитните маржи за овошјето и зеленчукот

Македонија2025 собра 1,3 милиони долари на гала вечера во Чикаго – македонската дијаспора со поддршка за развој на лидерство, едукација и македонските бизниси

Македонија2025 собра 1,3 милиони долари на гала вечера во Чикаго – македонската дијаспора со поддршка за развој на лидерство, едукација и македонските бизниси

ПОЧНАЛА БЕЗ КУНА ВО ЏЕБОТ, А ДЕНЕСКА ПРОИЗВЕДУВА 120 ИЛЈАДИ ЛИТРИ ПИВО ГОДИШНО - успешна приказна на една задруга

ПОЧНАЛА БЕЗ КУНА ВО ЏЕБОТ, А ДЕНЕСКА ПРОИЗВЕДУВА 120 ИЛЈАДИ ЛИТРИ ПИВО ГОДИШНО - успешна приказна на една задруга

ГЕРМАНИЈА ЌЕ ГРАДИ 400.000 НОВИ СТАНОВИ ГОДИШНО, 100.000 ЌЕ БИДАТ СОЦИЈАЛНИ: Владата инвестира 45 милијарди евра

ГЕРМАНИЈА ЌЕ ГРАДИ 400.000 НОВИ СТАНОВИ ГОДИШНО, 100.000 ЌЕ БИДАТ СОЦИЈАЛНИ: Владата инвестира 45 милијарди евра