23 Март, 2025
0.0334

НЕ ВЕРУВАМ ДЕКА ИМА ФИРМА КОЈА ЌЕ БИДЕ ОШТЕТЕНА ОД МИНИМАЛНАТА ПЛАТА - лидерот на Синдикатот вели дека е неприфатливо таа да се зголеми на 16.146 денари

Објавено во: Економија 04 Февруари, 2022 10:21

Добивај вести на Viber

„Оваа недела беше бурна на ССМ кои се во борба за зголемување на минималната плата. Синдикалците бараат зголемување на минималната плата на 18.000 денари и скалесто зголемување на сите други плати, како и исплата на К-15 и за јавните службеници. Работодавачите на вчерашните преговори во последен момент излегоа со некоректен предлог за промена на методологијата за пресметување на минималната плата. Тоа е неприфатливо за нас оти според таа методологија минималната плата ќе биде 16.146 денари. Според цената на минималната потрошувачка кошничка во тој случај две минимални плати нема да можат да ја покријат. Нашите работници заминуваат во странство затоа што не можат да си го овозможат основниот минимум за преживување“, вели за Утрински брифинг претседателот на ССМ Дарко Димовски.

Организацијата на работодавачи и Стопанските комори се сериозни организации и треба да направат сериозни анализи. Сега времето работи за работниците и попусто одолговлекуваат оти Законот за измени на Законот за минималната плата е веќе влезен во собраниска процедува, вели Димовски и додава дека му благодари на претседателот на Парламентот Талат Џафери што законот го ставил да оди во брза постапка.

Димовски најавува дека во 13.30 часот ССМ ќе излезе на протест и тој протест ќе трае, па штета ќе имаат и работодавачите. Тој додава дека Владата мора да заземе конкретен став и да ги земе предвид податоците и анализите од стручни лица што им ги презентира ССМ.

Трајко Славевски вчера изјави дека фирмите ќе се затворат ако се исполнат барањата на Синдикатите.

„Економската наука се базира врз анализи и бројки. Ако се зголеми платата работникот ќе биде попродуктивен и фирмата ќе има корист. Не верувам дека има фирма која ќе биде оштетена од зголемувањето на минималната плата“, вели Димовски.

Фирмите бараат помош од владата за иновации и проширување на инвестициите, а за сметка на тоа ги занемаруваат потребите на работниците, вели Димовски и коментира дека е очигледно дека работодавачите немаат намера да ги затвораат фирмите, туку напротив.

Можеби ќе ве интересира

Украинска телекомуникациска компанија излегува на Берза

Украинска телекомуникациска компанија излегува на Берза

ДИЗАЈНЕРОТ КОЈ ЗАРАБОТУВА 60 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ГОДИШНО - тој го тврди она што на многумина нема да им се допадне, а особено на жените

ДИЗАЈНЕРОТ КОЈ ЗАРАБОТУВА 60 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ГОДИШНО - тој го тврди она што на многумина нема да им се допадне, а особено на жените

ФИНЦИТЕ СЕ ПОМАЛКУ ОДАТ НА КУПУВАЊЕ - еве и зошто

ФИНЦИТЕ СЕ ПОМАЛКУ ОДАТ НА КУПУВАЊЕ - еве и зошто

ДАЛИ НИТУ НАЈБЛИСКИТЕ ПОВЕЌЕ НЕ МУ ВЕРУВААТ - братот на Илон Маск продаде акции вредни речиси 30 милиони долари

ДАЛИ НИТУ НАЈБЛИСКИТЕ ПОВЕЌЕ НЕ МУ ВЕРУВААТ - братот на Илон Маск продаде акции вредни речиси 30 милиони долари

ПЛАТИТЕ ВО ХРВАТСКА НИКОГАШ ПОВИСОКИ - но само една третина заработува повеќе од просекот

ПЛАТИТЕ ВО ХРВАТСКА НИКОГАШ ПОВИСОКИ - но само една третина заработува повеќе од просекот

ЗЕМЈА КАДЕ РАБОТАТ МНОГУ МАКЕДОНЦИ: До 2030 година ќе им требаат половина милион работници

ЗЕМЈА КАДЕ РАБОТАТ МНОГУ МАКЕДОНЦИ: До 2030 година ќе им требаат половина милион работници

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ „УВЕЗУВА“ РАБОТНИЦИ: Им требаат градежници, заварувачи, бравари...

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ „УВЕЗУВА“ РАБОТНИЦИ: Им требаат градежници, заварувачи, бравари...

ДЗС ОБЈАВИ НОВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува просечната плата во земјава?

ДЗС ОБЈАВИ НОВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува просечната плата во земјава?

СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ЛАГАРД: Трговската војна ја зголемува инфлацијата во Европа, закрепнувањето е во ризик

СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ЛАГАРД: Трговската војна ја зголемува инфлацијата во Европа, закрепнувањето е во ризик