25 Април, 2024
0.0273

Небанкарските финансиски друштва потпишаа Кодекс за добра пракса за да обезбедат повисоко ниво на заштита на потрошувачите

Објавено во: Мои пари 15 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Со цел да работат заедно во обезбедување унифицирани стандарди за квалитет на индустријата и да изградат конструктивен дијалог со законодавците и надзорните органи, небанкарските финансиски друштва на Северна Македонија формираа Асоцијација на финансиски друштва која обединува 7финансиски друштва.

Мисијата на Асоцијацијата е да промовира сигурни, општествено одговорни и одржливи практики на кредитирање. Во исто време, таа ќе работи на промовирање на можностите што ги даваат небанкарските финансиски технолошки решенија, кои ќе бидат од корист на поединците и општеството во целина.


„Секторот на небанкарски финансиски услуги се развива брзо во целиот свет, нудејќи им на потрошувачите едноставни и практични финансиски услуги. Асоцијацијата ќе им даде можност на компаниите да работат заедно на воведување стандарди за квалитет на услугите, како и за дизајнирање среднорочна стратегија за развој на индустријата заедно со надзорните органи и законодавецот“, велиФилип Димитровски,раководител на Асоцијацијата нафинансиски друштва.

Членките на Асоцијацијата потпишаа иКодес за добрапракса со кој се обезбедуваат дополнителни мерки за заштита на потрошувачите. Кодексот ќе биде објавен на веб-страниците на членките на Асоцијацијата, така што секој должник ќе може да провери дали одреден давател се придржува до етичките и одговорни деловни практики утврдени со овој Кодекс.

Дополнително е изработенаознака „Одговорен кредитор“која ќе овозможи препознавање на оние даватели на услуги кои се приклучиле на Асоцијацијата и се обврзани да работат во согласност со принципите утврдени со Кодексот за добра пракса.

„Небанкарските заеми како и многу други финансиски производи управувани од технологијата се нови за потрошувачите. И бидејќи самата индустрија е во почетна фаза на развој, од суштинско значење е веднаш да се договорат за одговорна деловна практика која ќе обезбеди заштитана потрошувачот и истовремено ќе дозволи развој на индустријата. Покрај тоа, уште една суштинска задача на Асоцијацијата ќе биде да иницира комуникација со законодавците и надзорните органи за креирање стратегија за развој на индустријата", објаснува Димитровски.


Кодексот за добра пракса има за цел да обезбеди повисоко ниво на заштита и јасни правила на соработка со клиентите кои добиле заем или планираат да земат одреден заем од членка на Асоцијацијата. Кодексот се занимава со прашања како што се проценка на солвентност на клиентите, етички маркетинг, брза и практична процедура за ревизија на жалби и наплата на долгот. Со цел да се обезбеди спроведување на нормите утврдени во него, членките на Асоцијацијата ќе обезбедат обука на персоналот.

Од Асоцијацијата ги поттикнуваат и останатите небанкарски финансиски институции да се приклучат и да работат заедно на добро избалансиран развој на индустријата.

„Асоцијацијата ја сметаме за регулаторна иницијатива за одржлив развој, имплементација на иновации, како и поттик за подобрување на целокупната транспарентност, не само за небанкарските финансиски друштва, туку и за целата финансиска индустрија, вклучувајќи ги и традиционалните финансиски институции во Северна Македонија, додава Димитровски.


Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка