Неби Хоџа се сомнева во корупција кај македонската страна од Блаце
Објавено во: Економија 16 Декември, 2018
Неби Хоџа, претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, побара да се одржи заедничка средба на македонската и косовската влада за царинско обединување и „да се елиминираат бариерите и корупцијата предизвикани од македонска страна на граничниот премин Блаце“ во интервју за Косовапрес.
Тој изјави дека економската соработка меѓу балканските земји е на недоволен ниво. Рече дека 100-процентното царинење н стока со потекло од Србија ја зголемува трговската размена меѓу Косово и Македонија.
Трговската размена меѓу овие две земји е 217 со 29 милиони евра годишно, во полза на Македонија.
Тој побара од македонските и косовските власти за отворање на царински терминал Јажинце, на границата во близина на Тетово, со кој, според него, ќе се намалат трошоците за превоз.
Лидерот на СКСЗМ вели дека без дијалог на владите на Косово и Македонија, како и бизнисите, не може да има економски напредок и не може да има промоција на локалните производители.
Владини претставници на Косово и Македонија не одржале досега средба и покрај тоа што била ветена таква средба.