29 Март, 2024
0.0261

Неделен Фактор - Кога пола грам тежи повеќе од еден тон

Објавено во: Македонија 19 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Гром не удира два пати во коприви, но молњите на проблематичниот Илија Громовникот, очигледно дека овој пат удрија многу силно. Во моменти кога политичките елити се понадеваа дека завршија експозеата на снимени телефонски разговори со сочни детали за криминал, корупција, кршење на човекови права и уништување на политичките противници и неистомисленици, одново на сцена стапи телефонски разговор кој се заканува да ја промени оваа статус кво состојба.

Самата „бомба“ објавена на руска социјална мрежа има поголема тежина од „половина грамот“ на пратеникот и шарен револиционер Павле Богоевски. Дали војаеризмот повторно ќе не опои, дали масата повторно ќе посака да слушне во нечија „слушалка“ со нови скандали, нечистотии и дамки од приватниот живот кој секој сака да останат само за него?

Тука, секако немаме намера да морализираме, некого да осудуваме за своите постапки, легални или нелегални, неопходни или непромислени, бидејќи за тоа постојат надлежни органи, туку мислиме на желбата на масата да дознае нешто повеќе и за тие кои ги „пукаа“ бомбите.

Неделата која требаше да започне со големата акција на МВР за сузбивање на организирана криминална група од македонското подземје, комбинирана со моќни личности и од јавниот свет како адвокати, банкари и менаџери, се префрли на фокусот на тоа дали Богоевски нарачал или не пола грам кокаин. За волја на вистината големите акции во кои се правеа чистки во криминалните групи имаше и во времето на Груевски и токму во периоди кога довербата на јавноста во власта беше на ниско ниво. На тој начин се демонстрираше демек, еве се води борба против тешкиот криминал, ситеможе да и верувате на државата.

Така и сега кога власта на Заев не добива огромни симпатии тргна во поход кон опасните криминалци во мега акција низ повеќе населби на Скопје, но наместо јавноста да разговара за тоа колку е присутен кокаинот како дрога за „високата“ класа, се насочи кон тоа да ја дотрајчи кариерата на Богоевски кој откако стана пратеник разочара многумина со своето горе долу пасивно поведение, без некои јасни иницијативи и предлози на закони кои ќе ги потврдат заложбите за правда на Шарената револуција.

Бомбата за Пајо од Шарената не е првата која ја објави „громовникот“, претходно имаше разговори за припадници на владејачката партија, но оваа прва доби масовен оддек во јавноста, па дури сега се покрена иницијатива од ОЈО да се дознае идентитетот на тој што објавува нови нелегално снимени разговори и разорува човечки животи.

Ваквиот разговор ја фрли и во сенка претстојната дебата за нов закон со кој ќе се декриминализира рекреативната употреба на канабисот за да не биде кривично дело, туку само да се гонат тие кои вршат нелегална трговија и шверц со наркотици. Во многу земји се покажа дека декриминализацијата ги штеди државните ресурси за прогон на наркоуживателите и потоа дел од буџетските пари ги пренаменува во програми за откажување од зависности, секако без дополнителните трауми од полнење на затворскиот систем.

Како и во многу случаи досега јавноста својот гнев, цинизам и суровост ќе ги потроши на социјалните мрежи, ќе се намали интензитетот на објава на статуси за (не)зависните пратеници и ќе се фокусира на некои нови политизирани теми. Кој би рекол дека еден настап на Евровизија може да собере толку злоба и желба за партизирање на еден забавен настан кој нема никакви допирни точки со дневната политика во Македонија. Па некои политички активисти на опозицијата, голем дел од нив и во дијаспората повикаа на бојкот против настапот на Тамара, да не гласале за неа затоа што пеела во спот за референдумот за името. Значи македонската дијаспора успеа да го сруши цензусот за референдумот со бојкотот, но не успеа да и го наруши финалниот настап на гордата Тамара. Големи таленти имаме преку океанот, да креираат тензии и каша-попара тези за тие кои се горди иако настапуваме како Северна Македонија.

На македонската политичка естрада, пак не е прв политичар да биде обвинет дека користи кокаин. Можеби денешните генерации малку паметат, но во 90-те токму екс премиерот Георгиевски го обвини големиот ривал Црвенковски дека му треба шише виски, па грам кокаин за да се отрезни. Ако ништо друго барем до денес дозата на елитниот наркотик е намалена за половина.

Случајно или токму во екот на оваа афера, кога мегафоните на социјалните мрежи имаат џек-пот со „колумбиски“ статуси, на сцената се врати и „папата“. Иако неактивен политички со години, Црвенковски се врати на Илиндеска, овој пат во кабинетот на актуелниот премиер Заев кој најверојатно бира некоја подебела рачка за најавената метла, барем така сакаме да веруваме, за да не остане само некое крпче за подзабришување на прашинка, а останатото ѓубре да се чува и натаму под тепихот.

Од толку дебати за тоа дали треба тестирање за присуство на дрога кај пратениците, малкумина посветија внимание на тоа што всушност значи влезот на Црвенковски во „белата шампита“ со некаква агенда за евроинтеграциите на Западен Балкан. Тие високи политики заслужуваат подетални одговори, наместо само куртоазно соопштение од кабинетот на Заев и што се навистина на не чека по белиот европски свет, за каде со душа чекаме да не поканат. 

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор