25 Април, 2024
0.0353

Неделен Фактор: (Pse) Jo правда и реформи со ДУИ во Влада - Ќе оддолее ли Заев на уцените?

Објавено во: Македонија 16 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Ахмети можеби ќе издејствува макар и една година премиер во Македонија да биде етнички Албанец, но не успеа да се постави како Еди Рама. По успехот на т.н. Тиранска платформа навидум сега албанските партии не ги усогласија позициите во однос на функционирањето на идната влада. Ахмети иако сакаше да биде главна поглавица остана сам во скопскиот хотел Парк.

Стариот лисец од Зајас секако дека не е целосно поразен. И натаму џокерот за формирање на новата влада лежи во негови раце иако постојат бројни комбинаторики и за целосно заобиколување на ДУИ.

За жал, и во овие преговори се покажа дека никаква програма или приоритети не се на дневното мени на водечките партии од кои се очекува да ја водат државата во наредните четири години. Додека едните се фалат со Pse Jo платформата, а другите дека сега ќе ги засукале ракавите и двојно повеќе ќе работеле дома, на површини излегуваат повеќе шпекулации за поделба на изборниот плен.

Некои го сакаат МВР, некои Народната банка, други УЈП и Министерството за финансии. И натаму копјата во преговорите се кршат за зачленување на најмоќните државни институции од кои понатаму ќе може да се цица од државната "цицка" или пак да се држи под контрола гласачкото тело со морков и стап.

Надлежниот настап на коалицијата меѓу Алијанса за Албанците и Алтернативна на Села и Гаши и во овој период покажува доза на принципиелност. Токму извисувањето на Ахмети е одличен сигнал дека албанската опозиција има сериозна намера да ги сруши интегративците иако тој потфат очигледно ќе биде пеколно тежок. Но, можеби ова е и момент за зближување со останатите партии и од македонскиот блок. Ако можеше да се создаде голем фронт против Груевски зошто да нема таков поход и за конечна казна и на помалото братче на режимот.

Македонката опозиција пак, предводена од Мицкоски со добар дел од новата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ како да нема сигурен пат што понатаму по поразот на изборите. Можеби е оправдано тоа што му се налутија на лицето С.П но, мандатот не можеше да му биде доделен на никој друг освен на Заев кој иако на овие избори има освоено најголем број на пратеници нема се уште обезбедено мнозинство.

По таа логика ниту Мицкоски можеше сега да биде мандатар бидејќи иако за само два пратеника заостанува зад Заев ниту една друга албанска политичка партија не покажа сериозна намера да се вклучи во заедничка трка за ново мнозинство.

Мицкоски може и да го искористи овој период за ако Алијанса за Албанците и Алтернативна останат во опозиција да создаде вистинско и искрено партнерство за нив за некои наредни избори кои може и ќе се одржат многу порано, шпекулациите се дека ќе бидат и за две години. И ВМРО-ДПМНЕ влезено во длабока опозиција ќе може конечно да се соочи со сопствените демони и да прерасне во модерна центар-десно партија која ќе ги затопли односите со Албанците, додека пак на македонските гласачи ќе им понуди искрена агенда наместо да лови гласови исклучиво на национал-романтизмот.

Заев и Ахмети можеби и ќе направат влада со сите можни услови и уцени. Можеби и Зибери ќе ја води државата една година. Но, ваквиот пазар ќе има своја цена. Особено ако ништо суштински не се смени кај ДУИ.

Зарем некој се уште верува дека е возможна реформска агенда со командантите од Мала Речица? Дека тие може успешно да го водат Министерството за правда? Дека може да испорачаат пречистување на правосудството? Дека нема повеќе нивни локални шерифи да узурпираат јавни површини со дивоградби?

Заев со ваков владин состав практично ќе му пресуди на концептот "Едно општество за сите" без оглед колку и тоа да звучи сега како празна демагогија.

Влада со неизоставен дел на ДУИ ќе биде големо разочарување и разнишување на кредибилитетот кој СДСМ и Заев го стекна кај Албанците како со нивните членови така и со партнерските коалициски односи кои ги изградија со БЕСА за прв пат на едни парламентарни избори.

За жал во ваква пандемиска вонредна состојба подобра опција е и лоша влада со краток мандат околку никаква влада и повторување на изборни циклуси кои ништо суштински нема да променат во распоредот на силите.

Х.С.


Можеби ќе ве интересира

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини

ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ, МЕЃУ КОИ И ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ: тешка сообраќајка на патот Велес - Градско

ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ, МЕЃУ КОИ И ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ: тешка сообраќајка на патот Велес - Градско

ДАЛИ ОПОЗИЦИЈАТА ОСТВАРИ НЕДОСТИЖНА ПРЕДНОСТ ПРЕД ВТОРИОТ КРУГ НА ГЛАСАЊЕ - BBC на српски со анализа за огромната победа на ВМРО-ДПМНЕ

ДАЛИ ОПОЗИЦИЈАТА ОСТВАРИ НЕДОСТИЖНА ПРЕДНОСТ ПРЕД ВТОРИОТ КРУГ НА ГЛАСАЊЕ - BBC на српски со анализа за огромната победа на ВМРО-ДПМНЕ

ЗАМИНА УШТЕ ЕДНА ЛЕГЕНДА - почина познатиот менаџер Велибор Џаровски - Џаро

ЗАМИНА УШТЕ ЕДНА ЛЕГЕНДА - почина познатиот менаџер Велибор Џаровски - Џаро

ГРАЃАНИТЕ ГО ОТПИШАА СДСМ, ДА ЗАПНЕМЕ СИТЕ ЗАЕДНО ДА ГИ ОТПИШЕМЕ И ДУИ: Ангелов вели сега или никогаш

ГРАЃАНИТЕ ГО ОТПИШАА СДСМ, ДА ЗАПНЕМЕ СИТЕ ЗАЕДНО ДА ГИ ОТПИШЕМЕ И ДУИ: Ангелов вели сега или никогаш

„Ако ЕУ барем малку нѐ почитува, ќе забрани азил на македонски функционери“: еве што вели доктор Беќаровски

„Ако ЕУ барем малку нѐ почитува, ќе забрани азил на македонски функционери“: еве што вели доктор Беќаровски