Нефи Усеини на операција во Турција
Објавено во: Македонија 26 Октомври, 2020
Нефи Усеини, советникот на ДУИ во Општина Охрид, заминал на операција во Турција, поради што утрово повторно е одложено судењето против него и брат му за нанесување повреди на Спиро Топаловски.
Одбраната на бизнисменот, кој на јавноста и е познат по спорните градби во Охрид, го информираше судот дека поради операција во Турција тој не бил во можност да присуствува на денешното рочиште, објавува ТВ 21.
Судот сепак побара да му биде доставена медицинска документација за лекување во странство и најави дека ќе бидат спроведени со полциска придружба доколку Усеини не се појави на следното рочиште.
Следното рочиште е закажано за 27-ми ноември, а закажан е уште еден термин на 3-ти декември со цел забрзување на процесот.
Браќата Усеини се обвинети за насилство, откако го нападнаа Топаловски на јавно место летоска во охрид.