19 Април, 2024
0.0255

Неформално образование - потреба за реалниот сектор за обезбедување кадар за своите потреби

Објавено во: Мои пари 21 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Заклучокот во насока на обезбедување на квалитетен стручно кадар изнесен на состаноците на здруженијата во рамките на Стопанската комора на Македонија, е зајакнување на неформалното образование како најпродуктивен начин за дополнително стекнување и унапредување на практичните вештини и компетенции кај поединците, без разлика дали се вработени или невработени.

Но каква е состојбата на неформалното образование во нашата земја?

За разлика од останатите земји, посебно Швајцарија, Австрија, Финска, Словенија неформалното образование во нашата земја е премногу формализирано.Постоечките процедури се комплексни и одземаат многу време и енергија што не оди во прилог на бизнис заедницата. Ригидноста со законите и процедурите претставува ограничувачки фактор, создава дополнителен стрес кај бизнис секторот и не излегува во пресрет на неговите потреби. Затоа, неизбежно е, да се направат одредени чекори во намалување на ригидноста на регулативите во неформалното образование. Во оваа насока, Стопанската комора на Македонија во соработка со релевантните образовни институции и интернационални експерти, презема активности за поедноставување на процедурите за верификација на програмите за неформално образование и верификација на институциите кои ги обезбедуваат тие програми. Тоа би придонело понудувачите на образовни услуги да нудат пазарно орјентирани програми и побрзо да одговорат на потребите на компаниите за обезбедување компетентна работна сила.

Интересен пример за флексибилно и продуктивно неформално образование е Швајцарскиот модел за неформално образование според кој на акредитирањето /сертифицирањето на понудувачите на неформално образование се гледа како процес кој опфаќа повеќе сегменти. Сегментите се содржани во стандардите за квалитет што треба да се исполнат за да можат понудувачите на неформално образование да бидат акредитирани/сертифицирани. Стандардите за квалитет опфаќаат:


Нашата држава може да ги преземе најдобрите практики од развиените економии и да ги адаптира во национален контекст. Но најитно треба да работи на измените во Законот за образование на возрасните и дизајнирање на стандарди и процедури и тоа:

Ø Дизајнирање минимум стандарди и инструменти за квалитет (екстерна комисија за завршен испит за учесниците од обуката; мерење на задоволството на учесниците од обуката, систем за следење на учесникот по завршување на обуката и одземање на правото за реализација на обука врз основа на утврдени неправилности) ;

Ø Зголемување на времетраењето на верификуваните програми од 3 на 5 години;

Ø Секторска верификација/акредитација на установата/институцијата, не според доставените програми за обука;

Ø Флексибилност на Комисијата за верификација на установа/институција за образование на возрасните по однос на времето за реализација на увидот и начинот на вршење на увидот за проверка на исполнетоста на условите;

Ø Олеснување на постапката за повторна верификација на установа/институција;

Ø Формирање здружение за понудувачи на неформормално образование;

Ø Вклученост на работодавачите преку Комората во контрола за квалитетот на обуките;

Програмите во неформалното образование посебно треба да се поттикнуваат во оние сектори во кои, со пристапувањето на Македонија кон европското семејство ќе бидат конкурентни на домашниот и на меѓународните пазари, но и воспоставување на системот за валидација на неформалното образовавание преку процесот за препознавање на искуственото знаење на поединецот.

И за крај, од непроценливо значење е знаењата, вештините и квалификациите да бидат практично применливи, а добиените документи (сертификати) да бидат препознатливи и признати од страна на бизнис секторот.


м-р Наташа Јаневска, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година