18 Април, 2024
0.0281

ПРОФУНКЦИОНИРАЊЕТО ТЕЦ НЕГОТИНО ЌЕ БИДЕ ПОЕВТИНО ОД УВОЗОТ НА СТРУЈА: „Златната резерва” ТЕЦ „Неготино” може да ја спаси земјава од мрак

Објавено во: Економија 05 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Генералниот директор на термоелектраната „Неготино“, Небојша Стојановиќ тврди дека пуштањето на АД ТЕЦ Неготино во процесот на производство ќе ја чини државата помалку отколку да се увезува ектрична енергија. Во интервју за МИА, тој појаснува дека проценките се дека со моментната цена на мазутот од 36 ден/кг, производната цена на АД ТЕЦ Неготино ќе изнесува  од 150 – 175 евра / мегават-час, во зависност од тоа дали ќе работи со еден или два котла. Владата на Република Северна Македонија даде согласност да се склучи договор за деловно-техничка соработка меѓу АД ЕСМ и АД ТЕЦ Неготино за набавка на мазут и производство на електрична енергија во периодот декември 2021 – април 2022 со можност за понатамошна соработка, доколку за тоа има потреба.

Во времиња на закани од  енергетска криза поради дефицит од струја, низ годините се знаело да се каже дека само „златната резерва” ТЕЦ  „Неготино” може да ја спаси земјава од мрак. Изградена пред 43 години, таа има инсталирана моќност од 210 мегавати и е втор по големина енергетски капацитет во државата. Тоа е единствена електрана што како погонско гориво користи мазут и брзо може да се преориентира и на природен гас.

Стојановиќ вели дека ТЕЦ Неготино последен пат бил вклучен во процесот за производство на електрична енергија во 2009 година, но дека редовно во текот на овие изминати 12 години се врши проверка на опремата за работа и обуки на вработените.

-Сметам дека во овој момент и опремата и вработените се подготвени за започнување со работа, но важно е да се спомене дека целокупниот процес на „рестартирање на ТЕЦ Неготино“ ќе подлежи на пробен период и проверка на сите функционалности на опремата.Цената на електричната енергија на берзите секојдневно расте. Во моментот изнесува  283 евра/ мегават-час. Во секој случај пуштањето на АД ТЕЦ Неготино во процес на производство ќе ја чини државата помалку отколку увоз на електрична енергија. Проценките се дека со моменталната цена на мазутот која изнесува 36 ден/кг, производната цена на АД ТЕЦ Неготино ќе изнесува  од 150 – 175 евра / мегават-час, во зависност од тоа дали ќе работи со еден или два котла.  Владата на Република Северна Македонија даде согласност да се склучи договор за деловно-техничка соработка меѓу АД ЕСМ и АД ТЕЦ Неготино за набавка на мазут и производство на електрична енергија во периодот декември 2021 – април 2022 со можност за понатамошна соработка, доколку за тоа има потреба. Мазутот ќе го набави АД ЕСМ, а за тоа ќе добие и помош од Владата, и ќе ја преземе целокупната произведена електрична енергија од АД ТЕЦ Неготино. Обртните средства од прозиводството на електричната енергија  во првиот месец, ќе бидат искористени од страна на АД ЕСМ за набавка на мазут за понатамошно производство.

Во однос на тоа колку термоелектраната може да придонесе за помош при енергетска криза, Стојановиќ вели:

– Ставањето во функција на АД ТЕЦ Неготино, во моменти на глобална енергетска криза, ќе даде  економски придонес за државните енергетски компании и целокупното стопанство. Се добива зајакнување на домашниот електро-енергетски систем, се зголемува домашното производство а со тоа добиваме и зголемување на БДП-то. Произведената електрична енергија во ТЕЦ Неготино, АД „ЕСМ“ ќе ја искористи во еден дел за потребите за снабдување на домаќинствата и малите потрошувачи во случаи на кусоци, дел ќе понуди за потребите на АД „МЕПСО“, додека вишокот електрична енергија, ЕСМ Продажба ќе ја понуди на продажба на слободен пазар на домашните стопански субјекти, по цени пониски од цените на берзата.

Целото интервју на МИА

Можеби ќе ве интересира

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате