Нехамер: Путин е согласен за извоз на пченицата, и за размена на воени заробеници
Објавено во: Свет 27 Мај, 2022
Австрискиот канцелар Карл Нехамер разговарал со претседателот на Русија, Владимир Путин за пченицата што стои во украинските пристаништа
Нехамер за медиумите посочил оти Путин е подготвен да преговара за пченицата што моментално стои во украинските пристаништа, по телефонскиот разговор со рускиот лидер, пишува „Мондо“.
Путин, исто така, е подготвен за размена на воени заробеници и вети дека ќе разговара за ова прашање со Киев, изјави австрискиот канцелар по 45-минутниот разговор.
- Путин рече дека Црвениот крст ќе добие пристап до воените заробеници - додаде Нехамер.
Според него, Москва покажала флексибилност во решавањето на проблемот со извозот на украински житарки, што Русија го блокира.
Путин, исто така, му рекол дека Русија не треба да се обвинува за проблемите со синџирите за снабдување со храна, соопшти Кремљ.
Австрија се обидува да го продолжи дијалогот со сите страни во конфликтот во согласност со својата традиција на „активна неутралност“, пишуваат медиумите.
Нехамер, исто така, рече дека разговарал со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој планира да се види со завојуваните страни во наредните денови за да се рестартира преговарачкиот процес.