24 Април, 2024
0.0248

Неискористен потенцијал од отпадот - Со нова регулатива до нови бизниси и заштита на природата

Објавено во: Мои пари 15 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Како да се заштити здравјето на луѓето и животната средина, а притоа да се отворат нови работни места, што им е потребно на компаниите да се промени во регулативата, беше покренато на дебатата организирана од Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива со домашни и странски експерти. Посебно внимание беше посветено и на справување со текстилниот отпад од македонските текстилни компании кои се соочуваат со сложени и долги процедури.

„Текстилниот отпад се вреднува многу бидејќи може повторно да се употреби на многу различни начини, тоа го направивме во Холандија со цел поголема ефикасност. Праксата за ре-употреба на текстилниот отпад со поддршка на институциите може да се зголеми и во Северна Македонија што ќе даде големи бенефити“, посочи амбасадорот на Кралството Холандија Ваутер Пломп.


Потребно е да се зголемат можностите за рециклирање на отпад, искористување на потенцијалите со текстилниот отпад, а тоа ќе резултира со поголема заштита на животната средина, економски раст и примена на европски практики, особено од Холандија која е меѓу лидерите на ова поле.

„Во земјите од ЕУ само една третина од облеката која не се користи завршува на рециклирање. Останатите две третини завршуваат на отпад! Тие количини од година во година растат“, посочи холандскиот експерт Емил Брулс. Според него потребна е голема соработка меѓу самите компаниите, невладиниот и владиниот сектор, како и јавни кампањи за подигнување на свеста за селектирање и рециклирање на отпад што може да донесе многу нови можности.

„Со цена од 100-200 денари не може да работат комуналните претпријатија односно да очекувате дека некој ќе ви го собира и селектира отпадот. Со цена на едно кафе тоа не е исплатливо. Трошоците за оваа активност растат секоја година“, рече Филип Ивановски од Асоцијацијата за посебни текови отпад.


Според информациите на Владо Момировски од Асоцијацијата на секундарни суровини околу 150 компании работат во бизнисот со собирање отпад со 10.000 вработени и околу 30 милиони евра промет, од кои 80% доаѓаат назад како девизен. Со подобрување на регулатива може да се отворат нови бизниси.

Според анализите, годишната количина на отпад која се генерира од текстилното производство изнесува околу 9.000 тони, додека вкупните годишни трошоци кои ги имаат компаниите за раздолжување и депонирање на отпадот се движат и до 1,5 милиони евра.

Настанот беше во организација на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива, амбасадата на Кралството Холандија и четирите најголеми стопанските комори од Северна Македонија.


Можеби ќе ве интересира

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!