18 Април, 2024
0.0259

Неизвесни политичките кариери на членовите од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 23 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber


Политичката кариера на членовите на независната пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија е во неизвесност по одлуката за предвремени парламентарни избори во април на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски.

Станува збор за седум пратеници кои во моментов се исклучени од ВМРО-ДПМНЕ откако гласаа за уставните измени согласно Преспанскиот договор и пратеничката Владанка Авировиќ од коалициониот партнер Социјалистичка партија на Македонија.

„Со искуството што го имаме и сето тоа што ни се случуваше изминатата година, прашање е дали некој од нас сака да продолжи да се занимава со политика. Разговаравме деновиве, ќе разговараме уште, но не сме одлучиле ништо конкретно. Со раководството во ВМРО-ДПМНЕ сме на различни страни и тоа не може да се смени, бидејќи нема волја ниту кај нас ниту кај нив. Кога е во прашање СДСМ – со него имаме идеолошки разлики, имајќи предвид дека ние долги години или цел живот сме биле во ВМРО. Останува единствено на избори да одиме самостојно, но пак ќе речам, не сме зборувале или не сме договориле ништо конкретно. Сигурно дека ни е многу жал што не добивме датум за преговори со ЕУ, ние се жртвувавме и приватно за да тргнеме по европскиот пат. Треба да работиме многу за Европа да ја донесеме дома, за да ни биде подобро на сите“, вели пратеничката Емилија Александрова за „Независен“.

Инаку оваа група денеска упати благодарност до амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари Брнз, за ратификацијата на пристапниот протокол за НАТО, по скратена постапка од страна на Сенатот.

„Големото мнозинство кое прави да се чувствуваме добредојдени во сојузот кој значи заштита и безбедност на нашите граѓани е од исклучителна важност. Во овие сензитивни моменти, моменти на едно разочарување од одлуката на Советот на ЕУ да не почнеме пристапни преговори, една ваква вест дека САД, наш силен стратешки партнер ни оддава признание и брза шанса за влез во Алијансата го враќа оптимизмот, но и дава сигурност дека нашата приказна ќе биде успешна. Вие, од позиција на амбасадор во Грција, во периодот на склучувањето на преспанскиот договор сте запознаени со предизвиците и суштинското значење на истиот. Горди сме на нашата значајна улога во овој успех на Република Северна Македонија и ви благодариме за севкупната поддршка“, се додава во писмото на пратеничката група.“, гласи соопштението на независната пратеничка група.

Од таму упатуваат и благодарност до претходниот амабсадор на САД во Скопје, Џес Бејли, и неговата заменичка Микаела Швајцер Блум, кои, како што велат, несебично и гласно допринесоа за унапредување на македонско американското пријателство со поддршка на реформите во правосудството, заштита на животната средина, можностите за младите, поддршка во образованието и можеби најважното, поддршка на развивање на демократските принципи.



Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ВЧЕРА ВО КОЧАНИ: Поплавени улици во градот, возилата едвај возеа

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ВЧЕРА ВО КОЧАНИ: Поплавени улици во градот, возилата едвај возеа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција

На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ

АНКЕТА: Србија ни е најважен сојузник, а Бугарија е закана

АНКЕТА: Србија ни е најважен сојузник, а Бугарија е закана

„Сега имам повеќе информации што се случило во Бањска“: Османи ќе и предложи на Владата напуштање на „Отворен Балкан“

„Сега имам повеќе информации што се случило во Бањска“: Османи ќе и предложи на Владата напуштање на „Отворен Балкан“

ПОПЛАДНЕВО СКОПЈЕ ГО ЗАФАТИ НЕВРЕМЕ: Силен ветер, грмотевици и пороен дожд во главниот град

ПОПЛАДНЕВО СКОПЈЕ ГО ЗАФАТИ НЕВРЕМЕ: Силен ветер, грмотевици и пороен дожд во главниот град

ОДБИВА ДА ПРИМИ КАЗНА ЗАТОА ШТО БИЛА НАПИШАНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: На социјалните мрежи се споделува видео, никој не знае од кога е

ОДБИВА ДА ПРИМИ КАЗНА ЗАТОА ШТО БИЛА НАПИШАНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: На социјалните мрежи се споделува видео, никој не знае од кога е