19 Април, 2024
0.0290

НЕЈЗИНИОТ ЦРТЕЖ СВЕДОЧИ ЗА ПРЕРАНО ЗГАСНАТИОТ ЖИВОТ: Приказната на младата мајка и нејзиното девојче, загинати во кобната несреќа на „Струма“

Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Три големи и неколку помали семејства ги загубија своите роднини во несреќата на автопатот Струма - татковци, мајки, браќа и сестри. Цели села во близина на главниот град Скопје се во жалост. Нивните приказни ги раскажуваат репортерите на Бугарската национална телевизија (БНТ).

„Господ да ти даде трпение“, велат Албанците кога некој ќе изгуби близок. Овие зборови изминативе денови најчесто се изговараат низ неколкуте скопски села.

Семејството Исени од село Студеничани жали по 38-годишната Фикрие Исени - наставничка во локалното училиште. Фикрие го загуби животот во автобусот на автопатот Струма. Загина заедно со ќерката Аниса. Семејството е во шок. 

„Многу тешко. Тешко. Моите роднини се внатре. Не можеме да ги смириме. Што да правиме, изјавиле Фати Исени.

„Многу е тажно, многу е болно и за нас и за другите семејства, изјавил Озер Исени за БНТ.

Во прилогот, учителката на Аниса го покажува последниот цртеж на девојчето, нацртан во локалното училиште „Наим Фрашери“. 

Семејството Исени остана и без Хамди Исени и неговата сопруга. Службеник во општината, за Хамди во селото се слушаат само убави зборови и светли спомени.

„Го познавав лично - многу добар човек. Човек кој работеше 20 години овде и во градот Скопје. Човек кој придонесе многу за нашето општество. - се сеќава Мујадин Абази, жител на Студеничани

Хамди Исени имаше речиси 60 години - пред пензија. Кога некој овде ќе заштеди пари, оди на пат. Во овој случај - три дена за 75 евра. Хамди и неговата сопруга заминуваат за Истанбул.

„Имаше семејство, имаше два сина. Колку што знам мислам дека се полнолетни. А во моментов се, колку што знам отишле таму во Софија да видат што се случува на местото на настанот. " - вели Мујадин Абази, жител на Студеничани

Фикрие, Аниса, Хамди и неговата сопруга се четворицата загинати од семејството Исени.


Можеби ќе ве интересира

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо