„НЕКА МУ КАЖЕ НЕКОЈ НА ПАЛЧО ДЕКА ОБВИНИТЕЛИТЕ ПО ДЕФИНИЦИЈА СЕ ПРИСТРАСНИ“ - адвокатот Митровски за барањето на првообвинетиот за двојното убиство

Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2025 11:59
На денешното рочиште обвинетиот Љупчо Палевски за убиството на Вања Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски повторно побара изземање на тројца обвинители, поради, како што е неговото тврдење, пристрасност и злоупотреба на јавнообвинителската служба.
Имено, Плевски, кој е првообвинет за овие две убиства, бара изземање на обвинителките во предметот Жаклина Крстевска Јосифовска и Ана Стојковиќ Димитриевска, како и од шефот на ОЈО Скопје, Гаврил Бубевски.
„Фалсификувале податоци, телефонска анализа со цел нивниот сведок Ерол Османи да може да лаже“ рече Палевски и на судот му приложи докази зошто повторно барал изземање бидејќи како што кажа имало нова околност. Тој тврди дека во критичното време, табелата од базните станици била празна, односно немало податоци каде се наоѓал Палевски на 22.11.2023 година кога беше убиен пензионерот од Велес, Панче Жежовски.
На ова се огласи адвокатот Јанаки Митровски.„Палчо соочен со доживотен затвор очајно бара одлагања. Барал денес изземање на обвинителите - биле пристрасни. Нека му каже некој на влашкиот зет дека обвинителот како странка по дефиниција е пристрасен, буквално работа му е да ја гони спротивната страна!“, пишува адвокатот Митровски на својот фејсбук профил.
Можеби ќе ве интересира
„ПРИЈАВИВ ДЕКА НОЌЕН КЛУБ СЛУЖИ АЛКОХОЛ НА МАЛОЛЕТНИЦИ ПОСЛЕ ПОЛНОЌ...“ - горчливо искуство на граѓанин од пред две години, еве како завршил

ОДЗЕМЕНИ СЕ 198 ЛИЦЕНЦИ ВО ДЕЛОТ НА ИЗГРАДБАТА НА СТАНОВИ - во Министерството за транспорт се работи и денеска, а и утре

СУДОТ ОДРЕДИ 30 ДНЕВЕН ПРИТВОР ЗА ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ - поранешни градоначалници, министри и директори

„ОВАА БОРБА ЌЕ БИДЕ ДОЛГА И НЕМА ДА БИДЕ РЕШЕНА НИТУ ЗА ЕДНА, НИТУ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ“ - Директорот на ФЗО, Клековски, вели дека сега почнува ризикот од инфекции

НА МИРНИОТ СОБИР ГРАЃАНИТЕ НА КОЧАНИ ИМ ДАДОА ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА ОД ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО: „Ги спасувале младите, а наместо да се лекуваат, тие се во притвор“

КАКО И КАДЕ ЌЕ СЕ ВРАЌААТ ПАЦИЕНТИТЕ ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ КОИ СЕГА СЕ ЛЕКУВААТ ВО СТРАНСТВО - според Таравари, некои ќе дојдат со комерцијален лет, а за некои ќе треба подолга рехабилитација

НА ЛЕКАР ВО ПРИВАТНА БОЛНИЦА ВО СКОПЈЕ МУ БИЛЕ УПАТУВАНИ ЗАКАНИ ОД 45 ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ - полицијата работи на случајот

„ПРВ ИЗЛЕЗЕ, АМА СЕ ВРАТИ ДА СПАСИ КОЛКУ МОЖЕ ПОВЕЌЕ ЛИЦА“ - другарите раскажуваат и тагуваат за младиот Ице

Митева: Два објекти не ја почитувале одлуката на Владата за денови на жалост, итна реакција и преземени сите мерки
