20 Април, 2024
0.0313

НЕКОГАШ МОЌНА ИНСТИТУЦИЈА - СЈО сега без плати, телефони и интернет

Објавено во: Македонија 04 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Немаат земено три плати, од вчера и телефоните им се исклучени, а немаат ни интернет. Причина за тоа се неплатените натрупани сметки. 

Некогаш моќната институција, Специјалното јавно обвинителство, сега е во сосема незавидна положба. Додека поранешната специјална обвинителка вчера седна на обвинителна клупа за случајот Рекет, изјаснувајќи се како невина, околу 90 вработени во СЈО мака мачат со долгови и неможност нормално да функционираат.

Извори од СЈО за Фактор објаснуваат дека пари на сметката на обвинителството има, но нема кој да ги потпише налозите, бидејќи по разрешувањето на Јанева, и нејзините заменички, обвинителките Ленче Ристовска и Елизабета Јосифовска, исто така се разрешени и се водат како вработени во редовното Обвинителство, па и тие немаат право да ги ставаат потписите.

А овие две обвинителки, заедно со сите други специјални обвинители, фактички се вратени обвинителствата во кои претходно работеа, но тие реално се уште одат на работа во зградата на СЈО. Таму се чуваат и материјалите за сите предмети на кои работеше Специјалното јавно обвинителство. 

Мобилните телефони од вчера на обвинителите и на останатите вработени во СЈО им се исклучени во еден правец, и можат само да примаат повици, а наскоро ќе им бидат исклучени и за дојдовните повици. А, немаат веќе ниту интернет, велат дел од вработените.

Покрај тие неисплатени обврски, СЈО должи и за вода, парно, струја, како и за кирија на продавницата за здрава храна, за која излегоа и погрешни толкувања за исплатите.

Она што е уште позагрижувачки, е што околу 90 вработени, дури три месеци немаат земено ни плата. 

Сите овие проблеми би се решиле ако се донесе Законот за јавно обвинителство, за кои власта и опозицијата безуспешно преговараа со месеци наназад, па сега тој е целосно блокиран. 


Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра