Некогаш најубавиот Хрват среќа нашол во Индонезија: Во далечна земја ќе продава ќебапи
Објавено во: Балкан 11 Јануари, 2019
Поранешниот Мистер на Хрватска Бруно Орешковиќ приватна и бизнис среќа нашол во Азија каде отвора ресторан.
Пред десет години, со неполни деветнаесет години Бруно Орешковиќ стана Мистер на Хрватска. Десет години подоцна овој млад човек води успешен бизнис на Бали и две години е во брак со сопругата Патриција која ја запознал во Џакарта.
„Во Индонезија прв пат во посета и дојдов на поранешната девојка, требаше да биде само годишен одмор, но се вљубив во островот и одлучив да останам. Најтешко ми е тоа што морав да го оставам семејството и пријателите. Секогаш сакав авантури и патувања така што знаев дека нема да останам во Хрватска засекогаш, а во Азија сум веќе осум години. Првите шест живеев секоја година околу половина година на Бали, а останатите би ги живеел во Кина, Кореја, Сингапур, Хонг Конг, Малезија, Тајланд...“ , скромно раскажува овој нетипичен мистер кој во тој период бил многу баран модел на азискиот пазар и поради тоа и толку се селел.
Во моментот е во процес на отворање хрватски ресторан во близина на теретаната која е во негова сопственост, а ресторанот ќе се вика Балканс.
Храната ќе биде едноставна, од кебапи до плескавици, а ќе ги прави Иван од Загреб, еден од неговите најдобри пријатели, пишува vecernji.hr.