10 Август, 2020
0.0284

НЕКОИ БАЗЕНИ И ПЛАЖИ РАБОТЕА ТУРБО - по кои протоколи?

Објавено во: Македонија 12 Јули, 2020

Многу базени за разладување и плажи во земјава работат турбо, и покрај тоа што за нив се уште не се објавени протоколите за работа во Службен весник.

На оваа ситуација укажуваат дел од читателите за Фактор.

Тие прашуваат дали овие базени смеат да функционираат и да бидат преполни со гости, бидејќи нема објавени протоколи според кои би се однесувале. 

А дека граѓаните се расположени да појдат на базен или на некоја од плажите, е сосема јасно, со оглед на високите температури што владееја викендов.

Како што е познато, протоколите за работа на сите економски оператори, во услови на епидемија, ги носи Комисијата за заразни болести.

Неодамна од Комисијата за заразни болести за Фактор изјавија дека дале препорака за отворање на вратите на базените и за рекреативно пливање, како и за плажите, а не само за спортските клубови.

„Сметаме дека конечно може да бидат отворени базените и за рекреативно користење, но секако со максимално почитување на протоколите и мерките за заштита. Препорака дадовме и за користење на плажите, но истовремено сметаме дека во случај да се прекршуваат воспоставените безбедносни мерки, мора да има казнувања, што е работа првенствено на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како и на МВР, рекоа за Фактор од Комисијата за заразни болести.

Оттаму изјавија дека се уште не даваат препорака за отворање на Аквапарковите, каде што има голема фреквенција на граѓани кои при такви летни активности едноставно не може да одржуваат да го одржуваат потребното безбедно растојание, доволно, за да не се дозволи ширење на вирусот.

Сепак, вакви протоколи се уште не се објавени во Службен весник, а не се објавени ниту на веб страбицата на Владата каде што се ставени сите протоколи за работење на економските опаратори. 

Инаку, здравствените работници во земјава неодамна за Фактор советуваа дека во езерата и базените слободно може да се прива, бидејќи КОВИД-19 не се пренесува преку вода, но на плажа треба многу да се внимава и да се одржува социјална дистанца од најмалку два метри со непознати. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КОЛЕВ: Жалам, но во Куба нема да можат да го прочитаат „другарот” Апасиев!

КОЛЕВ: Жалам, но во Куба нема да можат да го прочитаат „другарот” Апасиев!

Се обеси затвореник во Идризово

Се обеси затвореник во Идризово

ДЕЦАТА ДО 10 ГОДИНИ ВО ШКОЛО, ПОГОЛЕМИТЕ ПРЕД КОМПЈУТЕР: Ова е еден од моделите, но нема заклучоци од денешниот состанок

ДЕЦАТА ДО 10 ГОДИНИ ВО ШКОЛО, ПОГОЛЕМИТЕ ПРЕД КОМПЈУТЕР: Ова е еден од моделите, но нема заклучоци од денешниот состанок

ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ: Македонија се сеќава на осуммината загинати резервисти кај Љуботенски бачила

ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ: Македонија се сеќава на осуммината загинати резервисти кај Љуботенски бачила

МВР: Се менуваат униформите по една година од Законот за јазиците

МВР: Се менуваат униформите по една година од Законот за јазиците

Заев смета дека Ахмети му прави притисок со поканата за средба на 13 август

Заев смета дека Ахмети му прави притисок со поканата за средба на 13 август

РЕГУЛАТОРИТЕ КАЖАА - цените на горивата остануваат исти, поскапува мазутот

РЕГУЛАТОРИТЕ КАЖАА - цените на горивата остануваат исти, поскапува мазутот

Италијанската амбасада во Скопје: Продолжена забраната за патување на граѓаните на Северна Македонија

Италијанската амбасада во Скопје: Продолжена забраната за патување на граѓаните на Северна Македонија

СКОПЈАНЕЦОТ ШТО ГО КРИЕШЕ КОКАИНОТ СО БАНАНИ - доби обвинение

СКОПЈАНЕЦОТ ШТО ГО КРИЕШЕ КОКАИНОТ СО БАНАНИ - доби обвинение