19 Април, 2024
0.0278

НЕКОЈ ДВЕ ИЛЈАДИ, НЕКОЈ ПОМАЛКУ - колкумина ќе се израдуваат на повисока плата

Објавено во: Економија 24 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Колку граѓани почнувајќи од први јануари па натаму ќе добијат повеќе пари на својата трансакциска сметка, благодарение на зголемената минимална плата, Владата нема направено прецизни анализи. Ова е малку и изненадувачки, бидејќи станува збор за една од мерките што се смета како еден од најзначајните адути со кои оваа власт настапува пред јавноста.

Минималната плата беше и една од главните понуди на „менито“ во предизборната програма на сега владејачката СДСМ, и во неа беше наведено дека до крајот на мандатот таа ќе стигне до 16 илјади денари.

Зголемувањето што ќе стартува со декемвриската плата е второ по ред одење нагоре на минималецот во земјава. Прв пат тоа беше направено во 2017 година, кога минималната плата се зголеми на 12.507 денари. Тогаш практично околу 100 илјади граѓани добија повисоки плати од претходно.

Владата сега најавува дека минималецот повторно ќе има нагорна корекција и ќе изнесува 14.500 денари.

Законот со кој треба да се зголеми минималната плата набргу ќе влезе во владина процедура, а откако ќе буде усвоен од Владата на седница, ќе оди во Собрание на усвојување пред пратениците, објаснуваат владини извори. Мерката ќе важи за декемвриските плати, што значи дека првите повисоки минималци ќе почнат да пристигнуваат на сметките на вработените од крајот на декември, но најголем дел од почетокот на јануари па во наредните денови, зависно која компанија кога ги исплаќа платите на вработените.

Дел од компаниите велат дека оваа мерка неминовно ќе им ги зголеми трошоците во работењето, но мора да се зголемува и стандардот на вработените.

Од власта, пак, тврдат дека со ова не се прави притисок врз компаниите, бидејќи нив ќе им се помогне со Законот за субвенционирање на придонесите, што ќе стартува од идниот месец. 

Колкумина ќе се офајдат, не се направени прецизни математики. Таков заклучок единствено може да се донесе од бројките со кои располага Управата за јавни приходи. Податоците кои на барање на Фактор ги даде УЈП покажуваат колкумина вработени во последните три месеци имале плати во распон меѓу 12.507 денари, па до 14.449 денари.

Според овие бројки, излегува дека платата ќе им се зголеми на 91.006 работници во земјава, бидејќи толку на крајот на септември годинава имале примања над стариот, а под новиот износ на минималецот, што значи дека сега ќе треба да им биде зголемена платата.

Оние што имале пониски плати, значи старата минимална од 12.507, ќе се офајдат најмногу, ќе добијат повеќе по две илјади денари. Другите, пак, што имале нешто повисоки прмања, сега ќе добијат помало покачување.

Тука влегуваат три категории работници. Прво, оние со пријавено и остварено полно работно време, кои се најмногу и на крајот на септември биле 82.804 вработени. Потоа, тие со полно работно време но со помал број остварени часови, а такви се 7.066, како и оние 1.136 лица кои биле пријавени на скратено работно време.

Не се знае дали зголемената минимална плата ќе важи само за првата категорија, со полно работно време, или и за другите две групи на работници.

Ако се гледа по бројот на фирми, пак, на крајот на септември плати во овој распон давале 23.916 фирми со полно работно време, со неостварени целосно работни часови биле 3.554 компании, како и 641 фирма со скратено работно време. 

Или вкупно, плата ќе треба да зголемат 28.111 компании.

Но, она што е интересно од податоците што Фактор ги доби од УЈП, е дека во септември годинава многу бил намален бројот на работници со плати меѓу 12.507 и 14.449 денари, во споредба со претходните два месеци, односно август и јули.

Па така, во јули такви плати имале 108.685 работници со полно работно време, во август 105.472 вработени, а во септември 82.804 работници, или за еден месец намалувањето е за над 20 илјади работници.

Зошто дошло до ова намалување, во државните институции немаат прецизно објаснување. Некои извори од Владата велат дека е можно платите да се зголемиле над тој лимит, под притисок на недостигот од работна сила.

Под таа граница примањата не би смееле да се симнат, бидејќи законски дозволената минимална плата е токму 12.507 денари. Едиснтвено можно друго објаснување е дека дел од тие вработени се иселиле надвор од државава.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите