Неколку часа биле во ладилник на -22 степени во обид да ја поминат границата
Објавено во: Балкан 12 Февруари, 2019
Цариниците на граничниот премин Батровци на 9 месецов нашле седум мигранти скриени во камион ладилник, на минус 22 степени, објави денеска Царинската управа на Србија.
Мигрантите се откриени благодарејќи на царинскиот скенер, а службениците веднаш го отвориле товарот на камионот, кој од Косово превезувал смрзнати малини за германскиот пазар и во него пронашле седум млади Авганистанци.
Во првите 45 дена од годината цариниците спречиле повеќе од 150 мигранти илегално, скриени во приколки на камиони, да ја поминат границата.