НЕКОЛКУ ДЕСТИНАЦИИ: Каде е најскапо, а каде најевтино за летување?
Објавено во: Балкан 20 Мај, 2018
Се приближуваат летните одмори, семејствата одвојуваат буџет и одлучуваат каде ќе ги минат оние неколку дена одмор коишто ги заслужиле.
Доколку сакате да појдете до Грција, ова лето ќе мора да платите малку повеќе од лани. Хрватска не ги менува цените, а Црна Гора сѐ уште најефтина дестинација за летување.
Во Грција, сопствениците на апартмани воведоа 10 отсто поскапи цени,а ги воведоа и долгонајавуваните такси. За четиричлено семејство за оброк, во Грција че ви бидат потребни околу 50 евра.
Во Хрватска пак, цените на апартманите се околу 60-80 евра на ден. Сендвичите се движат со цени од 2-3 евра.
Во Црна Гора, цените на апртманита за ден се движат од 20 до 50 евра, кафето пак, евро или две.
Многумина сепак одлучуваат одморите да ги минат дома, затоа што немаат доволно буџет да си дозволат да летуваат и тие и нивните деца, а овие цени само го потврдуваат тоа.