15 Декември, 2019
0.0214

Неколку илјади посетители, десет промоции и четири награди од МАИ за „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ на Саемот на книгата 2019

Објавено во: Мои пари 14 Мај, 2019

Неколку илјади љубители на книгата, од сите генерации, го посетија штандот на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ на Саемот на книгата 2019, што од 8 мај до денеска (14 мај) се одржа во ВИП арената „Борис Трајковски“.

Вчера, на претпоследниот саемски ден (13 мај),  се одржа промоцијата на „Бајки од Македонија за цела година“ ‒ проект од јавен интерес на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“. Истиот ден беше промовирана и новата книга „Вампирџија“ од наградуваниот македонски писател Владимир Плавевски.


Издавачката куќа „Арс Ламина“ доби четири признанија на доделувањето на годинашните награди од Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), која по третпат ги избра најдобрите изданија, автори и издавачи кои го одбележаа периодот меѓу двата саема на книгата.

 „Арс Ламина“ освои прво место во категоријата за најдобра едиција, за „Лесно читливи лектири“, едиција на лектири за основно образование препорачани од Здружението за дислексија „Ајнштајн“ и Филозофскиот факултет – Скопје. Се закити и со први награди за најдобро ликовно-графички уредено издание за сликовницата „Девојче и мече“ од авторот Ване Костуранов, како и за најдобра книга за деца и млади ‒ „Џиновска продавница за фантазии“ од авторката Бистра Георгиева и илустраторката Моника Каретеро. Управниот одбор на МАИ ѝ додели на „Арс Ламина“ и специјална награда за општествена одговорност и тоа за повеќе проекти, донации и спонзорства: „Лесно читливи лектири“ во соработка со Здружението за дислексија „Ајнштајн“, донација на библиотека во Детската клиника за онкологија, донација на учебници во Општина Пустец, Мала Преспа во Р. Албанија, поддршка на документарниот филм „Медена земја“ (Honeyland) и низа донации за општествено ранливи групи.


Под мотото „Пронајди се во добра книга“, годинава издавачката куќа „Арс Ламина ‒ публикации“ и книжарниците „Литература.мк“ понудија богата програма:  десетина промоции на книги од домашни автори и познати имиња од Унгарија, Србија, Хрватска и Албанија, 400 нови наслови, повеќе од 1000 книги белетристика, книжевност за деца и стручна литература.

На штандот на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ се одржаа ексклузивните промоции на:  „Костурите на округот Медисон“ од популарната хрватската писателка Ведрана Рудан;  „Солунска 28“ – втората книга на ѕвездата на „Забрането пушење“ и „Топ-листа на надреалистите“, д-р Неле Карајлиќ; како и за сликовницата „Самовилата која гледа во темнина“ од унгарскиот автор Ласло Багоши.



Програмата беше збогатена со промоциите на: новата книга за млади „Јас сум Миа“, од популарната домашна авторка Јана Мишо, изданијата за деца: „Дружината на борот и други приказни“ од Снежана Анастасова-Чадиковска и „Игра со именки“ од Оливија Георгиевска, со илустрации од Ивана Јовановска, збирката раскази „Човештина“ од Сибо  и  „Секој полудува на свој начин“ од албанскиот автор Стефан Чапалику.

Посетителите на штандот на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“  имаа можност да се дружат и да добијат потпис на својот примерок од повеќе автори: Давор Панчевски („Dave’s Kitchen: Најдоброто од македонската кујна“), Бистра Георгиева („Џиновска продавница за фантазии“), Кристина Димовска („Светлината на Сатурната“), Владимир Мартиновски („Дур дишам се надевам“), Ерина Богоева („Скопје: Архитектурата како фотографска скулптура“), Моџо Килингтон („Аутопсија на љубовта“), Ване Костуранов („Девојче и мече“) и Зоран Михајлов („Спортски стории: записи, настани и сеќавања“).

Можеби ќе ве интересира

Новогодишно дружење на “Мотоцентар“ со Атлетите на Специјалната Олимпијада Македонија

Новогодишно дружење на “Мотоцентар“ со Атлетите на Специјалната Олимпијада Македонија

ЈП Водовод и Канализација се вклучи во акцијата „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“

ЈП Водовод и Канализација се вклучи во акцијата „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“

ИутеКредит на Winterland во Скопје! Пари достапни веднаш во центарот на празничната еуфорија!

ИутеКредит на Winterland во Скопје! Пари достапни веднаш во центарот на празничната еуфорија!

Промовирана InnoTech Club, платформа за зголемување на свесноста за наука, технологија и иновации

Промовирана InnoTech Club, платформа за зголемување на свесноста за наука, технологија и иновации

Пет години стратешко партнерство на Тутунски Комбинат Прилеп и Филип Морис Интернешнал

Пет години стратешко партнерство на Тутунски Комбинат Прилеп и Филип Морис Интернешнал

Тиго Фајнанс – две години синоним за достапност и брзина во финтек индустријата

Тиго Фајнанс – две години синоним за достапност и брзина во финтек индустријата

А1 Македонија го најавува A1 Game Fest 2019 - најголемиот гејминг настан за оваа година

А1 Македонија го најавува A1 Game Fest 2019 - најголемиот гејминг настан за оваа година

Професионалната ориентација-откривање на способностите и афинитетите на учениците

Професионалната ориентација-откривање на способностите и афинитетите на учениците

Воздухот во домот може да биде од 2 до 5 пати позагаден од надворешниот воздух

Воздухот во домот може да биде од 2 до 5 пати позагаден од надворешниот воздух